Познати дами кои преживеале љубовен бродолом пред очите на јавноста, но сега повторно се вљубени

Познатите жени служат како пример и инспирација за многу девојки низ светот, па дури и за тоа како јавно се справуваат со љубовните проблеми.

poznati-dami-koi-prezhiveale-ljuboven-brodolom-pred-ochite-na-javnosta-no-sega-povtorno-sakaat-01.jpg

Меѓу овие познати жени се и Џенифер Анистон, Џенифер Лопез и Деми Мур. Тие многупати ги изложиле своите врски и бракови пред очите на јавноста, а потоа и раскинувањата и закрепнувањето.

Прочитајте што тие кажале за љубовните бродоломи и како се справиле со ситуацијата:

Џенифер Анистон: „Барем да не беше пред очите на целиот свет“

Актерката поминуваше низ тежок период кога нејзиниот поранеше сопруг, Бред Пит, пред очите на јавноста ја започна аферата со Анџелина Џоли.

„Тажно е кога на нешто му доаѓа крајот. Ако настојуваш да ја избегнеш болката, боли уште повеќе. Јас сум човечко суштество кое има човечко искуство пред целиот свет. Барем да не беше пред очите на целиот свет. Се трудам да бидам над тоа.“

poznati-dami-koi-prezhiveale-ljuboven-brodolom-pred-ochite-na-javnosta-no-sega-povtorno-sakaat-02.jpg

Опра Винфри: „Болката е учител“

„Се сеќавам колку бев тажна кога го молев да ми даде уште една шанса. Сега знам дека тој беше мојот најголем учител. Тој дојде во мојот живот за да ме научи да се сакам себе повеќе. Тој ми рече дека проблемот со мене е што мислам дека сум посебна, а јас одрекував. Но, гледајте ме каде сум сега.“

poznati-dami-koi-prezhiveale-ljuboven-brodolom-pred-ochite-na-javnosta-no-sega-povtorno-sakaat-03.jpg

Сара Џесика Паркер: „И ти ќе скршиш нечие срце, но ќе ти го скршат и тебе“

Како и во „Сексот и градот“, така и во приватниот живот, актерката поминала низ повеќе љубовни маки.

„Добро е кога ќе згрешиш и ќе бидеш уништен и срцето ќе ти биде скршено. Така учиш да правиш подобри избори. Сите треба да излегуваме на состаноци, сите треба да скршиме нечие срце, но треба некој да го скрши и нашето. Да лежите со денови и да чекате телефонот да заѕвони, да се надевате, а тоа да не се случи.“

poznati-dami-koi-prezhiveale-ljuboven-brodolom-pred-ochite-na-javnosta-no-sega-povtorno-sakaat-04.jpg

Џенифер Лопез: „Никој не може да нè спаси, освен ние самите“

По многуте неуспешни врски и бракови, латино-ѕвездата мислела дека не е доволно вредна за да биде сакана.

По прекинувањето со Бен Афлек, нејзиниот тогашен пријател, а подоцна и сопруг ѝ рекол: „Она што мораш да го знаеш е дека никој не може да те спаси или излечи. Само ти самата можеш да го направиш тоа за себе.“

Оттогаш, Џеј Ло го има прифатено овој совет и несебично го споделува со блиските.

poznati-dami-koi-prezhiveale-ljuboven-brodolom-pred-ochite-na-javnosta-no-sega-povtorno-sakaat-05.jpg

Деми Мур: „Се плашев дека никој не може да ме сака и дека не сум достојна за љубов“

„Она што ме плаши е дека на крајот на животот ќе сфатам дека не сум достојна да бидам сакана. Дека во мене постои нешто погрешно. Оваа борба за мене значи наоѓање љубов која ми дава храброст да го остварам својот полн потенцијал.“

poznati-dami-koi-prezhiveale-ljuboven-brodolom-pred-ochite-na-javnosta-no-sega-povtorno-sakaat-06.jpg

Рис Витерспун: „Болката минува, лузните остануваат“

Русокосата актерка поминувала низ голема болка по разводот од актерот Рајан Филипе.

„Кога ќе ти речат дека сè ќе помине, се прашуваш дали тие се луди. Мислиш дека вечно ќе се чувствуваш лошо и дека веќе ништо нема смисла. Секако, тоа поминува и сфаќаш дека сè има смисла.“

poznati-dami-koi-prezhiveale-ljuboven-brodolom-pred-ochite-na-javnosta-no-sega-povtorno-sakaat-07.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Му рекле дека умира од рак, се ожени за 38 години помлада жена – Каде е и што прави денес Долф Лундг... Во 2021-ва година му рекле дека има само уште неколку години живот, но благодаре...
6 години ја кријат љубовта – Ретко појавување на Џенифер Гарнер со дечкото „Бен, дали ти недостасува Џенифер Гарнер сега?“ – прашуваат твитерџиите откако с...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...
Џени Гарт за „борбата“ со менопаузата: „Телото ме издава, страдам физички и ментално“ На Кели од „Беверли Хилс“ на 45 години ѝ беше дијагностициран остеоартритис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg