Некогаш секс-симболи, сега речиси уништени од анорексијата
- Детали
- недела, 23 септември 2018
Многу познати дами некогаш претеруваат со грижата за својот изглед, што дури и постигнуваат сосема спротивни резултати од саканите.
Анџелина Џоли и Тара Рид се само дел од популарните личности кои се целосно обезличени од анорексијата. Викторија Бекам е една од ретките која успеала да се справи со овој проблем и да додаде некој килограм и да изгледа подобро од кога било.
Погледнете како тие некогаш изгледале, а како изгледаат денес:
Анџелина Џоли - блиските луѓе на актерката тврдат дека таа се обидува да се избори со анорексијата
Тара Рид - некогаш беше згодна русокоса, ѕвезда на тинејџерските филмови
Дениз Ричардс - некогаш важеше за една од најсекси жените во Холивуд, но денес не може да се каже дека е така
Каја Гербер - заносната ќерка на Синди Крафорд навистина изгледа преслабо во последно време
Калиста Флокхарт - познатата актерка изгледа непрепознатливо откако изгубила многу килограми
Миша Бартон - русокосата ѕвезда некогаш беше симбол за убавина и сексапил, а сега изгледа непривлечно и постојано е во центар на скандали
Е. Д. | Црнобело