Моден погодок или утка: Блејк Лајвли смени 4 колоритни одела за само еден ден во Њујорк (фото)
- Детали
- вторник, 11 септември 2018
Иако изгледа одлично што и да облече, во последно време Блејк Лајвли повеќе им дава предност на оделата.
Во понеделникот по повод промоцијата на новиот филм, актерката беше во Њујорк, а за само еден ден таа успеа да смени 4 различни аутфити.
Таа беше забележана во 4 колоритни и впечатливи одела, кои според некои се вистинска модна утка.
Сепак, нејзините фанови, сметаат дека иако не покажува голотија и облини, Блејк знае како да остави впечаток каде и да се појави, дури и во одела.
Блејк храбро зачекори во боите на виножитото во само еден ден, а во продолжение погледнете го нејзиниот моден избор.
Што мислите – модна утка или погодок?
М. М. | Црнобело