Ријана мисли дека латино дивата е очајна: Кои познати фаци не ја поднесуваат Џеј Ло?

Зошто ѕвездата од Барбадос ја смета колешката за предавник? Од кого славната дама не може да се ослободи по ниедна цена? Која поранешна соработничка ја нарече дволична манипулаторка?

rijana-misli-deka-latino-divata-e-ochajna-koi-poznati-faci-ne-ja-podnesuvaat-djej-lo-1.png

Сѐ што Џенифер Лопез (49) ќе допре се претвора во злато. Латино дивата е пејачка и глумица со навистина импресивна кариера. Царува на топ листите и одржува спектакуларни концерти, додека како актерка е подеднакво присутна на малите екрани и големото платно.

За разлика од професионалните дострели, на емотивен план баш и не ѝ цветаа рози. Мајката на две деца зад себе има три пропаднати бракови, како и низа неуспешни љубовни врски. Во моментот, пак, среќна е во прегратките на шармантниот Алекс Родригез.

rijana-misli-deka-latino-divata-e-ochajna-koi-poznati-faci-ne-ja-podnesuvaat-djej-lo-2.jpg

А, што е со (не)пријателите? Наспроти милионите фанови што ги има ширум светот, таа не им е врежана во срцето и на сите холивудски ѕвезди. Напротив. Постојат и такви што јавно ja искажаа нетпреливоста кон мегапопуларната дама. Сите имаат свои „причини“ зошто не можат да ја смислат.

Ова се познатите фаци кои не ја поднесуваат Џеј Ло:

Мараја Кери

Анимозитетот помеѓу музичките икони трае речиси две децении. Сепак, медиумската војна прва ја започна Мараја Кери, која на прашањето од новинар што мисли за колешката, саркастично одговори: „Не ја знам.“. Оттогаш и двете даваат коментари на оваа тема, а се чини дека никако не може да се одлучат дали се сакаат, или, пак, мразат.

rijana-misli-deka-latino-divata-e-ochajna-koi-poznati-faci-ne-ja-podnesuvaat-djej-lo-3.png

Гостувајќи на телевизиска емисија во 2014 година, Џенифер Лопез се обиде да ја намали тензијата: „Немам ништо против неа. Знам само дека од поодамна читам по весници што таа кажува за мене. Не се баш убави зборови. Меѓутоа, ние никогаш не сме сретнале. Не се познаваме една со друга. Би сакала да се видиме. И би сакала да бидеме пријателки.“

Во 2016 година, пак, таа запеа сосема друга песна: „Веројатно Мараја има проблеми со меморијата. Повеќепати сме се виделе.“. Кери не остана покуса, па набрзо одново ѝ возврати со прочуената фраза: „Не ја знам. Што друго да кажам?“

rijana-misli-deka-latino-divata-e-ochajna-koi-poznati-faci-ne-ja-podnesuvaat-djej-lo-4.png

По фијаското што нејзината ривалка го доживеа на новогодишната прослава во Њујорк, латино дивата го зададе последниот удар. Лајкна хејтерска објава на Инстаграм, јавно потсмевајќи ѝ се за „несреќата“ што ја снајде на сцената.

Бренди

Во епската битка на двете диви се вмеша и нивната помалку позната колешка, застанувајќи од страната на Мараја. Бренди лани сподели објава на Инстаграм, со која (не)намерно испрати отровна стрела кон Џенифер Лопез.

rijana-misli-deka-latino-divata-e-ochajna-koi-poznati-faci-ne-ja-podnesuvaat-djej-lo-5.png

Под фотографијата на која се прегрнува со Кери, преку хаштаг во описот напиша: „Таа ме знае.“. Фановите на латино ѕвездата веднаш ја протолкуваа пораката, па бурно изреагираа на социјалните мрежи.

Кантавторката набрзо се обиде да ја порекне драмата: „Господе боже, што се случи? Се колнам дека не знам зошто се крена врева. Ја обожавам оваа слика. Сега сите мислат дека некого провоцирам. Кого? Смешно ми е.“

rijana-misli-deka-latino-divata-e-ochajna-koi-poznati-faci-ne-ja-podnesuvaat-djej-lo-6.png

Сепак, наместо да се извини, уште еднаш го потврди она со што и првично предизвика револт: „Сме се сретнале повеќепати. Мене навистина ме знае.“. Мараја Кери, пак, додаде масло на оганот, возвраќајќи ѝ на љубовта со краток коментар: „Секако дека е така!“ .

Ники Минаж

Уште една студена војна е онаа што Џенифер Лопез ја води со Ники Минаж. Сѐ започна во 2012 година, кога раперката имаше настап во шоуто за таленти „American Idol“, кадешто подоцна беше и судија.

rijana-misli-deka-latino-divata-e-ochajna-koi-poznati-faci-ne-ja-podnesuvaat-djej-lo-7.png

По изведбата проба да биде духовита: „Се надевам дека постои можност да се вратам како гостински судија. Џеј Ло, ќе може ли малку да се стиснеш за да седнам до тебе?“. Наместо гостопримство, наиде на дрзок одговор: „Не знам дали има доволно простор за двете.“.

Во 2015 година, пак, латино дивата го отвори доделувањето на „American Music Awards“, исполнувајќи компилација на песни, меѓу кои се најде и исечок од хитот „Anaconda“ на колешката. Додека пееше на сцената, една личност во публиката ни малку не се воодушеви. 

rijana-misli-deka-latino-divata-e-ochajna-koi-poznati-faci-ne-ja-podnesuvaat-djej-lo-8.gif

Секако – станува збор за Минаж. Кога камерата ја сними во кадар, делуваше како оперирана од емоции. Твитерџиите побрзаа да се пошегуваат, пишувајќи статуси од типот на: „Нејзиното лице кажува сѐ.“. А, Ники експресно им реплицираше: „Што кажува? Се гледам себеси, а не неа.“.

Ријана

Во декември 2016 година, Џенифер Лопез покажа како се опушта со Дрејк, по одржаното шоу во Лас Вегас. „Погледнете кој намина да се поздрави со мене!“, напиша пејачката. И веднаш покрена лавина медиумски написи за нивниот однос.

rijana-misli-deka-latino-divata-e-ochajna-koi-poznati-faci-ne-ja-podnesuvaat-djej-lo-9.png

Шпекулациите дека двајцата се нешто повеќе од пријатели, таа ги подгреа со ознаката „го сакам“ што стоеше во описот. А, ги вжешти уште повеќе, објавувајќи фотка на која се гушка со канадскиот музичар. Многумина не поверуваа дека се во врска, но една ѕвезда си ги зема при срце нивните изливи на емоции. И не беше импресионирана.

Во прашање е популарната Ријана, за која Дрејк отсекогаш покажувал љубовен интерес. Според близок извор на пејачката, ѕвездата од Барбадос се почувствувала „издадена“ од Лопез. Ја нарекла „очајна“ и „предавник“. Ова не е никакво изненадување, имајќи предвид дека моќните дами од светот на шоу бизнисот беа мошне блиски другарки.

rijana-misli-deka-latino-divata-e-ochajna-koi-poznati-faci-ne-ja-podnesuvaat-djej-lo-10.png

Рири ѝ се има исповедано за турбулентниот однос со раперот, па со ваквиот потег, латино дивата ѝ заби нож во грбот. Иако никогаш јавно не се огласи, сепак го искажа личниот став, така што уште истиот месец ја отследи Џеј Ло на  Инстаграм.

Охани Ноа

Иако нивниот краток брак заврши во далечната 1998 година, по сѐ изгледа Лопез никогаш не ќе може целосно да се ослободи од поранешниот сопруг. Со кубанскиот келнер беа заедно само девет месеци, но тој по секоја цена се труди да остане во центарот на вниманието, дури и две децении потоа.

rijana-misli-deka-latino-divata-e-ochajna-koi-poznati-faci-ne-ja-podnesuvaat-djej-lo-11.png

Во 2006 година, Охани Ноа го најави објавувањето на книгата со наслов The Unknown Truth: A Passionate Portrait of a Serial Thriller“, навестувајќи дека ќе обелодени непознати вистини од животот на латино дивата. Џенифер го тужеше некогашниот партнер, бидејќи го прекршил договорот за доверливост. Таа доби оштета од 545.000 долари, а тој забрана да ја критикува, деградира или прикажува во негативно светло.

Само три години подоцна, одново ги полнеше насловните страници на таблоидите, заканувајќи се дека ќе ги пушти во јавност видео снимките од медениот месец. Поточно, дека цел свет ќе ја види ѕвездата во разголено издание, односно како двајцата водат љубов во хотелската соба. Пак се заврши со судски процес, овојпат на износ од 10 милиони долари.

rijana-misli-deka-latino-divata-e-ochajna-koi-poznati-faci-ne-ja-podnesuvaat-djej-lo-12.jpg

Во 2016 година, Ноа се појави во реално шоу, па излезе со еден куп обвинувања на сметка на екс-сопругата, тврдејќи дека е главен виновник за нивната разделба: „Јас планирав целиот живот да го поминам со неа. Тоа не се случи. Ја одбра кариерата наместо мене.“.

Роузи Перез

Ниту поранешната соработничка нема пофални зборови за Џеј Ло. Двете се по потекло од Порторико, израснале во Њујорк, а нивното познанство датира од 1991 година. Првпат се сретнале на кастингот за „In Living Color“, каде американската глумица Роузи Перез била ангажирана како кореографка.

rijana-misli-deka-latino-divata-e-ochajna-koi-poznati-faci-ne-ja-podnesuvaat-djej-lo-13.png

Несогласувањата ги опиша во своите мемоари „Handbook for an Unpredictable Life“, изнесувајќи низа остри критики за тогашната ѕвезда во подем. Наводно им правела проблеми на сетот: „Сите танчарки доаѓаа да ми се жалат дека Џенифер сака да наредува. Им ја присвојуваше гардеробата и шминката, само за да се истакне себеси во преден план.“

Џенифер имала забелешки и за третманот што го добива од самата Перез, па таа ги цитираше поплаките со кои везден се соочувала: „Секојдневно ме малтретираш. Работам двојно повеќе, а ти постојано ме попречуваш, знаејќи дека сум подобра од сите.“.

rijana-misli-deka-latino-divata-e-ochajna-koi-poznati-faci-ne-ja-podnesuvaat-djej-lo-14.jpg

Во книгата ја нарече дволична манипулаторка. Кога го напуштила шоуто после две сезони, Лопез говорела само лоши работи за неа. А, кога одново се сретнале во ноќен клуб по некое време, наводно изигрувала дека ѝ е најдобра другарка: „Ми пријде со насмевка, како ништо да не се случило.“ . Веќе подолго време не се во добри односи.

 М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Никој не е совршен: Ќерката на Хајди Клум мачи мака со акните, а е меѓу најбараните млади модели Лени, ќерката на Хајди Клум, објави фотографија без шминка и покажа дека иако е ...
6 години ја кријат љубовта – Ретко појавување на Џенифер Гарнер со дечкото „Бен, дали ти недостасува Џенифер Гарнер сега?“ – прашуваат твитерџиите откако с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg