Дијана и Чарлс имаат тајна ќерка: 6-те најлуди теории на заговор за британското кралско семејство
- Детали
- петок, 07 септември 2018
Принцот Хари не е син на принцот Чарлс? Принцезата Дијана и принцот Чарлс имаат тајна ќерка?
Како и околу многу познати личности, така и за кралското семејство постојат теории на заговор во кои доста луѓе навистина веруваат.
Поради големото внимание кое го привлекуваат, не е ни чудо што секојдневно има нови теории, па дури и за бракот на принцот Хари со Меган Маркл.
1. Принцот Хари се венчал со Меган Маркл само за Велика Британија повторно да надвладее со Америка
Децата на Хари со популарната поранешна актерка би имале двојно државјанство, британско и американско. Тоа значи дека некое од нивните деца може да биде и претседател на САД, а во исто време да биде во линијата за наследство на тронот во Британија.
Според теоретичарите на загвори, ова е одличен начин Велика Британија да владее со Америка.
2. Принцезата Маргарет имала вонбрачно дете
Сестрата на кралицата Елизабета била во врска со разведен маж пред да се омажи со Ентони Армстронг.
Наводно, Маргарет на патување во Јужна Африка останала бремена од Питер Таунсенд, а дури и се појавил извесен Ричард Браун кој тврди дека токму тој е нивното дете.
3. Принцезата Дијана и принцот Чарлс имаат тајно дете
Многу таблоиди шпекулираат дека пред да стапат во брак, принцезата Дијана била на гинеколог за да се потврди нејзината плодност. Гинекологот извадил нејзини јајцеклетки кои наводно ги оплодил со сперматозоиди на принцот Чарлс.
Потоа, ембрионот го вратил кај неговата сопруга, која всушност би била сурогат-мајка на девојче, кое го добило името Сара.
4. Кејт Мидлтон никогаш не била бремена
Веднаш по раѓањето на принцезата Шарлот, многу британски таблоиди излегле со тврдење дека војвотката никогаш не била бремена и дека нејзините деца ги раѓа сурогат-мајка.
Нивната теорија ја поткрепуваат со тоа што Кејт по сите породувања се појавува во јавноста само по неколку часови.
5. Принцот Хари не му е син на принцот Чарлс
Многумина тврдат дека биолошки татко на принцот Хари е извесен Џејмс Хјуит, кој наводно имал афера со принцезата Дијана. Хјуит во 2017-та демантирал дека има роднинска врска со принцот Хари.
6. Кејт Мидлтон е во конфликт со Бијонсе
Третата бременост на Кејт Мидлтон била објавена на датумот кога ѝ е роденден на Бијонсе. Според многумина, Кејт тоа го направила за да го засени роденденот на дивата.
Иако нема никаква основа ова тврдење, голем дел од јавноста всушност верува во оваа теорија.
Е. Д. | Црнобело