Убави, згодни и талентирани - шведските браќа Скарсгард го освојуваат Холивуд
- Детали
- недела, 12 август 2018
Доколку следите релативно нови филмови и серии, невозможно е да не сте ја погледнале глумата на барем еден од браќата Скарсгард.
Тие, полека, но сигурно го освојуваат Холивуд, а има и зошто. Изгледаат прекрасно, талентирани се, а очигледно носат одлични одлуки со изборот на добрите улоги кои ги прифаќаат.
Потекнуваат од Шведска, пораснале во Стокхолм во прилично опуштена хипи атмосфера, со многу уметници, илегални супстанции и голотија.
Интересно е што сите браќа се високи над 182 cm и помеѓу нив владее пријателско, но сепак присутно ривалство кога станува збор за глумата. Тие се неверојатно популарни во родната земја.
Впрочем, обожавателите го доживуваат како „кралско“ актерско семејство, а Александар Скарсгард бил прогласен за најатрактивниот маж на годината во Шведска дури 5 пати по ред.
„Кланот“ брои петорица браќа, но сè започнува од нивниот татко Стелан Скарсгард. Неговиот лик ви е сигурно познат од филмовите Mamma Mia!, Avengers: Age of Ultron, Thor и The Girl with the Dragon Tattoo.
Александар Скарсгард во моментов има можеби најзавидно портфолио. Публиката го забележа како момчето на Лејди Гага во спотот за песната Paparazzi.
Неговата прва голема холивудска улога се случи со ТВ серијата True Blood, а успехот продолжи со The Legend of Tarzan и минатогодишната хит драмска серија, Big Little Lies.
41-годишниот актер работи со полна пареа и не планира да застане во скоро време.
Бил Скарсгард има само 28 години, а во моментот ја толкува главната улога во серијата адаптирана според делата на Стивен Кинг, Castle Rock. Тој го глумеше и морничавиот кловн Pennywise во новиот римејк на It, а глумеше и во филмовите Deadpool 2, Atomic Blonde, како и серијалот Divergent: Allegiant.
37-годишниот Густав Скарсгард чувствувал најмногу љубомора кон Александар кога најстариот брат започнал да се занимава со актерство, па можеби тоа го поттикнало да си ја проба среќата во бизнисот. Ризикот очигледно се исплател, бидејќи Густав толкува една од главните улоги во хит серијата Vikings, а дел и од актерската екипа на новата Westworld.
Тој му е воедно и омилениот актер од фамилијата Скарсгард на оскаровецот Даниел Деј-Луис.
Сем Скарсгард има 36 години и неговото актерско искуство е далеку помало од она на неговите браќа, бидејќи било на кратко насочено кон домашната кинематографија.
Од петорицата браќа само Сем е доктор по професија, исто како и неговата мајка.
Волтер Скарсгард, најмладиот од кланот кој има 21 година во моментот го снима филмот Fun House, а глумел и во Lords of Chaos, како и многу скандинавски филмови.
Ѕвездите очигледно им се наклонети на семејството Скарсгард, зарем не?
(О)Милена | Црнобело