Шишиња кислород, сатенска тоалетна: Што мора да има во бекстејџ собите на ѕвездите?
- Детали
- понеделник, 23 јули 2018
Кога една ѕвезда реши да се појави на одреден настан, верувајте дека подготовките се многу покомплицирани и поскапи отколку што тоа изгледа на сцената или црвениот тепих.
Заедно со ѕвездата си доаѓаат и нејзините каприци, кои многу често имаат облик на сатенска тоалетна хартија, шишиња со кислород, па дури и сопствен мебел.
Што мора да има во бекстејџ собите за ѕвездите да бидат задоволни?
Само мал дел од ексцентричните побарувања:
Мајли Сајрус мора да има 48 шишиња со вода, 24 на собна температура и 24 ладни во фрижидер, како и органска и безглутенска храна.
Елтон Џон секогаш на располагање мора да има телевизор на кој ќе може да гледа фудбал. Големината на бекстејџ собата мора да биде минимум 60 метри квадратни, со температура од 19 степени. Вегетаријанската храна е задолжителна, како и многубројни овошја, подредени по големина и боја.
Џастин Бибер пак, нема толку здрави навики. Тој бара на располагање да има Starbucks кафиња, чипс, колачиња и сендвичи од сирење и путер од кикирики.
Лејди Гага бара секогаш да има неколку литри мед на располагање, како и шишиња со кислород.
Канје Вест сака да биде добар татко дури и кога настапува, па бекстејџ секогаш мора да има цртани филмови на располагање, доколку неговите деца се со него. На располагање има и 24-часовен помошник задолжен да му донесе храна од каде што ќе посака. Исто така, на листата на барања се наоѓаат и еден куп хигиенски средства.
Ријана сака да има повеќе шишиња антибактериски гел, но не смее да има ништо жолто во собата бекстејџ.
Малума бара секогаш при рака да има мед, лимон и ѓумбир. Овој микс на состојки го користи доколку има проблеми со грлото и гласните жици. Рози, чоколадо, вино и чај се уште неколку работи кои се на неговата листа на побарувања.
Енрике Инглесијас не настапува доколку во бекстејџ собата не му бидат обезбедени многу овошја, бадеми, сирења, темно чоколадо, мед и лимони. Големите огледала на кои може да ги вежба своите движења се исто така добредојдени.
Бијонсе има потреба од 3 соби позади сцената. Една за релаксација, една за шминкање и друга за пресоблекување. Исто така, бара фрижидер во сите со точно одредени пијалаци. Од храна, прифаќа само житарки, овошје и зеленчук. Најексцентричното барање била црвената сатенска тоалетна хартија.
М. Д. | Црнобело