Не можеле да издржат - Познати личности кои попуштија пред депресијата
- Детали
- четврток, 05 јули 2018
Последен во низата познати личности кои не успеаја да се изборат со депресијата и внатрешните демони е познатиот готвач и гастроном Ентони Бордејн кој беше пронајден мртов во хотелска соба. Подоцна се откри дека тој всушност страдал од депресија и дека си го одзел животот.
Минатата година, во многу краток временски период, се самоубија музичарите Крис Корнел и Честер Бенингтон, а неодамна и диџејот Авичи. Меѓутоа, тие не се единствените кои на овој начин го прекинале својот живот. Нив ги има во многу професионални сфери од јавниот живот, голем дел од нив и успешни во тоа што го работат.
Ернест Хемингвеј
Неговата сопруга Мери со месеци ја криела вистинската причина за смртта на познатиот писател. Таа тврдела дека тој случајно пукал во себе, чистејќи го пиштолот, но по извесно време признала дека Хемингвеј извршил самоубиство по долга борба со тешка депресија.
Авичи
На само 28-годишна возраст, животот си го одзеде диџејот Авичи, кој проголтал парче стакло, знаејќи дека тоа ќе предизвика неповратно внатрешно крвавење. Неговото семејство веднаш знаело што е случува, бидејќи тој подолго време зборувал дека не може да издржи и дека му е потребен мир.
Марк Салинг
Американскиот актер се соочувал со судење и можен престој во затвор поради поседување видео-материјали со детска порнографија. Тој се изјаснил за виновен, но не можејќи да ги поднесе последиците, се обесил на дрво во близина на куќата каде живеел.
Александар Мекквин
Популарниот дизајнер се самоубил само четири дена по смртта на неговата мајка и три години по смртта на најдобрата пријателка. Поради двата последователни смртни случаи, тој западнал во тешка депресија. На 40-годишна возраст, се обесил во својата луксузна вила во Лондон.
Честер Бенингтон
Потресен и вознемирен поради смртта на својот пријател Крис Корнел, Честер Бенингтон си го одзеде животот на истиот начин. Минатата година светот ја дочека веста дека фронтменот на „Линкин Парк“ е мртов и дека се самоубил со бесење.
И Корнел и Бенингтон имале долга историја со проблеми со алкохолот и дрогата, но музичкиот талент не им помогна да ги преточат своите чувства во песни и преку својата работа да успеат да се спасат од депресијата.
Робин Вилијамс
По долги години борба со алкохолизмот и депресијата, Робин Вилијамс се обесил со каиш во својот дом. Тој имал и рани на зглобовите и се претпоставува дека претходно се обидел да си ги пресече вените.
Фидел „Фиделито“ Кастро
Најстариот син на кубанскиот револуционер изврши самоубиство во 68-та година од својот живот, по неколку месеци неуспешно третирање на депресијата.
Тој бил физичар, а депресијата започнала по поголемо разочарување на работа. Фиделито се борел и се трудел да се излечи, но на крај си пресудил себе, година-дена по смртта на неговиот татко.
E. Д. | Црнобело