Зошто сите славни убавици позираат како да ги боли главата?
- Детали
- сабота, 30 јуни 2018
Доколку ги следите на социјалната мрежа Инстаграм, веројатно сте забележале дека мнозинството познати девојки од светот на шоу бизнисот и модата, во последно време се сликаат на идентичен начин.
Поточно, сите до една позираат како да ги мачи главоболка. Дали во Холивуд владее хронична мигрена, или, пак, нешто сосема друго е во прашање?
Можеби ѕвездите навистина ги боли главата. Сепак, поверојатно е дека нивните скорешни фотки, се во согласност со новиот необичен тренд на Инстаграм.
Изминатиот период, сведоци бевме на разноразни чудни пози, кои своевремено беа вистински хит на социјалната мрежа. Последната, пак, претставува многу необична, ама и наводно мошне ласкава.
Таканаречената „мигрена поза“ (анг. „migraine pose“), подразбира позирање со еднаta или обете дланки на лицето, како кога имате главоболка. На овој начин визуелно се стеснува ликот, се нагласуваат јаболчиците и се креваат веѓите.
За спомената поза може да се каже дека има ефект на привремен лифтинг на лицето при сликањето. Воедно е и одличен начин да се прикаже маникирот на селфи фотографијата, пишува магазинот Harper's Bazаar.
Од кого започна сѐ? Трендот го покрена старлетата Кајли Џенер уште во декември минатата година, кога така позираше за насловната страница на списанието Love.
Нејзината поза очигледно им се допадна и на останатите славни убавици, па во текот на наредните месеци, верно ја ископираа и на своите фотки на Инстаграм.
Меѓу нив е и сестра ѝ Кендал Џенер, Џиџи Хадид, Емили Ратајковски, Пријанка Чопра и мноштво други популарни девојки.
Ако сакате и самите да ја испробате, погледнете ги во продолжение нивните објави на Инстаграм, каде може најдобро да ја проучите „мигрена позата“:
М. А. | Црнобело