Роби Вилијамс објасни зошто го покажа средниот прст на отворањето на Светското првенство 2018
- Детали
- четврток, 21 јуни 2018
Неговиот непристоен потег беше изненадување во сета таа совршена организација.
Роби Вилијамс направи вистински спектакл на отворањето на Светското првенство 2018 во Русија, но во еден миг од настапот го покажа средниот прст пред камерата.
Многумина се прашаа зошто му беше потребен ваков некултурен гест додека милиони луѓе ширум светот го следат настанот, меѓу кои и деца, се разбира.
Зошто на церемонијата, во која беше вложено тон труд, време и пот за беспрекорна организација, легендарниот пејач имаше потреба да стори вакво нешто?
На оваа тема тој проговори во емисијата „This Morning“ и, очекувано во негов стил, не даде извинување.
„На ваквите настани е важно да не направиш интернационален инцидент и дали знаете што? Јас бев под голем притисок и не знаев дали ќе успеам сè да изведам до крај. Имаше само уште 1 минута, па јас на тој начин одбројав.
Успеав да изведам 99% од планот на отворањето и во тој миг не ми минуваше ништо низ главата...
Како да имаше блокада помеѓу мене и моето рационално размислување и нешто се случи, а 5 минути потоа се прашував: „Дали јас навистина го направив тоа?“, и додаде дека е свесен дека не може да си верува самиот на себе што ќе направи во одреден миг и како ќе изреагира на сцената.
Изгледа Роби навистина има храброст штом го направи ова на настан организиран од страна на Владимир Путин, пишуваат некои од американските медиуми.
Објаснувањето на Роби во „This Morning“:
С. С. | Црнобело