Кој прекар ѝ го даде принцот Чарлс на неговата снаа Меган Маркл?

Принцот Чарлс ја испрати Меган до олтарот, а сега ѝ даде и прекрасен прекар на својата инспиративна снаа.

koj-prekrar-i-go-dade-princot-charls-na-negovata-snaa-megan-markl-01.jpg

Навистина е на место ако кажеме дека Меган Маркл е навистина отпорна девојка. Таа привлече неверојатно внимание со врската и бракот со принцот Хари, многумина ја проценија како несоодветна за него и вадеа разни детали од нејзиното минато, па имаше драма кога членови од нејзиното семејство даваа интервјуа за пари и публицитет итн.

Изгледа гледајќи ја одблиску како се справува со сè принцот Чарлс, нејзиниот свекор, бил инспириран да ѝ даде прекар кој совршено ја опишува.

koj-prekrar-i-go-dade-princot-charls-na-negovata-snaa-megan-markl-08.jpg

Својата снаа Чарлс ја нарече „Tungsten“ (волфрам) - вид на метал кој посочува на тоа дека Меган е силна и не се витка под притисок.

Според извори блиски до кралското семејство, Чарлс се воодушевува на силата на Меган и поддршката што му ја дава на неговиот син Хари, на кој му било потребно такво нешто затоа што на моменти во животот знаел да биде нежен и кршлив.

koj-prekrar-i-go-dade-princot-charls-na-negovata-snaa-megan-markl-03.jpg

Прекарот на Меган симболизира издржливост. Чудно, но навистина слатко, зарем не?

Инаку, Меган го инспирирала принцот Хари да престане со пушење и да води поздрав начин на живот.

koj-prekrar-i-go-dade-princot-charls-na-negovata-snaa-megan-markl-06.jpg

Таа, исто така, му ја подобрила врската со неговиот татко затоа што била воодушевена од шармот на Чарлс, веднаш штом го запознала. На Хари му велела дека неговиот татко е топол, пријатен, вреден, фин и стабилен маж и дека треба да го цени и да се поврзе подобро со него.

koj-prekrar-i-go-dade-princot-charls-na-negovata-snaa-megan-markl-07.jpg

Па, на сето ова не е чудно што по скандалот со таткото на Меган, токму Чарлс беше тој што ја испрати до олтарот.

koj-prekrar-i-go-dade-princot-charls-na-negovata-snaa-megan-markl-04.jpg

Прочитајте и зошто Кејт Мидлтон и принцот Вилијам раскинаа пред да се венчаат!

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...
11 деца кои се мини копија на своите славни родители Ајви Блу го зела најдоброто од мајка ѝ Бијонсе и татко ѝ Џеј Зи, додека Норт Вес...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg