8 актери кои биле пијани за време на снимањето
- Детали
- сабота, 16 јуни 2018
Да се испие пијалак или два после напорниот работен ден е сосема нормално нешто. Но да го сторите тоа додека трае работното време? Сепак, ќе се одвратите себеси од намерата, нели?
Одговорот е НЕ, доколку сте славна актерска ѕвезда и често пати имате за задача да снимите смешни, стресни или непријатни сцени.
Сè во име на успехот и кариерата, погледнете кои славни ѕвезди добро се напиле за време на снимањето на своите филмови:
Ана Кендрик во „Drinking Buddies“
Со оглед на насловот и содржината на филмот, ова и не треба да дојде како преголемо изненадување.
Сепак, 32-годишната ѕвезда тврди дека не било намерно. За време на снимањето екипата ѝ го заменило безалкохолното пиво со алкохолно без таа да забележи.
Конечно, на крајот се свестила дека е премногу пијана на снимањето.
Шиа ЛеБоф во „Lawless“
Филмот ја прикажува прохибицијата во САД, па со цел актерот да „навлезе“ повеќе во својот лик се почестил со малку повеќе пијалаци за автентичност на карактерот.
„Го направив тоа за филмот, не пиев за време на снимањето без причина“, објаснил ЛеБоф.
„Го правев тоа затоа што следниот ден очите ми беа крвави, а лицето подуено од алкохол, а тоа немаше да го постигнам без пиење“.
Марго Роби во „The Wolf of Wall Street“
Доколку првата секс сцена која воопшто сте ја снимиле требало да биде со Леонардо ди Каприо, тогаш дефинитивно и вие ќе сте сакале да пивнете некоја чашка алкохол.
Марго испила 3 чаши текила наеднаш за да ги смири своите нерви. Патем, ова бил единствениот инцидент кој вклучувал алкохол за време на снимањето, со оглед на тоа колку е луд филмот.
Бред Пит и Едвард Нортон во „Fight Club“
Режисерот Дејвид Финчер ги забележал двајцата главни актери како удираат топчиња за голф во камионот кој го вршел кетерингот на снимањето, откако двајцата испиле многу заедно.
Неговиот инстинкт да ги спои Бред Пит и Едвард Нортон се покажал сосема солиден, бидејќи резултатот е еден од најлегендарните филмови на сите времиња.
Натали Портман и Мила Кунис во „The Black Swan“
Двете актерки поделиле едно шише текила пред да ја снимат многу озборуваната секс-сцена меѓу нив двете.
Друг извор потврдил дека снимањето се одвивало „многу релаксирано“, но слично како и Марго Роби, актерките не го направиле тоа намерно, туку само сакале да се опуштат.
И покрај сведочењата, Мила ги негирала овие обвинувања.
Џенифер Лоренс во „Catching Fire“
Вие можеби сте биле на работ од нервите додека сте го гледале возбудливиот филм, но Џенифер Лоренс била прилично опуштена за време на снимањето.
Таа изјавила дека со екипата се напиле неколку пати за време на снимањето, а кога одмарала во својата приколка пиела Пина Колада затоа што ѝ било досадно.
Даниел Редклиф во „Harry Potter“
Да, дури и добриот волшебник успеал да се напие за време на снимањето. Секако, не намерно, но понекогаш доаѓал на снимањата сè уште пијан од претходната вечер.
Тој и самиот го признал тоа. „Можам да посочам многу сцени во кои сум целосно изгубен. Со празни очи. Имам многу зависнички карактер. Тоа беше проблем“.
Џули Ендруз во „The Sound of Music“
Сцената До-Ре-Ми која е снимена на Алпите се реализирала со помош на фармерот кој го поседувале земјиштето каде што се одвивал филмскиот сет.
Тој правел негова сопствена ракија, а Џули често пати се послужувала со неа додека вежбала како да свири гитара.
Сепак, чудно би било некој да е толку среќен и ентузијастички настроен без ниту една капка алкохол, нели?
(О)Милена | Црнобело