Џоли јаде скорпии и тарантули, Гага спие во јајце: Чудните опсесии на познатите жени

Славните личности се во центарот на вниманието поради приказните за нивниот приватен живот, физичкиот изглед, или, пак, талентот. Честопати и не забележуваме колку тие во суштина се ексцентрични, за што сведочат и навиките на дел од нив.

djoli-jade-skorpii-i-tarantuli-gaga-spie-vo-jajce-chudnite-opsesii-na-poznatite-zheni-1.png

Па, доколку мислевте дека знаете баш сѐ за омилените ѕвезди, како и дека не постои нешто кое не сте го прочитале за нив, време е да ве разубедиме. И тие се обични луѓе – ама со необични навики. 

djoli-jade-skorpii-i-tarantuli-gaga-spie-vo-jajce-chudnite-opsesii-na-poznatite-zheni-11.jpg

Од компулсивно однесување до бизарни третмани за убавина, прочитајте кои им се чудните опсесии на познатите жени:

Камерон Диаз

Познатата глумица има фобија од нечисти кваки. Сите врати ги отвора со лактот од раката, како би избегнала ширење на бактериите. Камерон Диаз секојдневно ја чисти куќата, а пречесто ги мие и дланките. Станува збор за опсесивно-компулсивно нарушување, за кое филмската ѕвезда тврди дека го ставила под контрола.

djoli-jade-skorpii-i-tarantuli-gaga-spie-vo-jajce-chudnite-opsesii-na-poznatite-zheni-2.png

Анџелина Џоли

Славната убавица откри дека инсектите имаат изобилство од протеини. Затоа ги вклучи како во својата, така и во исхраната на децата. Анџелина Џоли во последно време јаде нозе од тарантули и пржи скорпии, за кои изјави дека освен што се здрави, имаат и мошне добар вкус.

djoli-jade-skorpii-i-tarantuli-gaga-spie-vo-jajce-chudnite-opsesii-na-poznatite-zheni-8.png

Деми Мур

Црнокосата актерка има по малку чудна навика за губење на килограмите. Деми Мур го обожава третманот со пијавици, како најдобра метода за детоксикација. Притоа, нагласува дека црвите што ѝ ја цицаат крвта не се обични, туку медицински одгледувани пијавици, кои ги отстрануваат отровите од организмот.

djoli-jade-skorpii-i-tarantuli-gaga-spie-vo-jajce-chudnite-opsesii-na-poznatite-zheni-9.png

Ева Лонгорија

По примерот на Мадона, латино ѕвездата користи плацента за нега на лицето. Поконкретно, кремa што во составот содржи протеини од oвча постелка. Така Ева Лонгорија го успорува стареењето, правејќи ја кожата поцврста. Малку бизарно, зар не?

djoli-jade-skorpii-i-tarantuli-gaga-spie-vo-jajce-chudnite-opsesii-na-poznatite-zheni-6.png

Џенифер Анистон

Холивудската миленичка има посебен ритуал кога се авионските летови во прашање. Секогаш влегува со десната нога, по што го потчукнува надворешниот дел од авионот за среќа. Тоа ѝ влева сигурност на Џенифер Анистон.

djoli-jade-skorpii-i-tarantuli-gaga-spie-vo-jajce-chudnite-opsesii-na-poznatite-zheni-4.png

Меган Фокс

Колешката, пак, стравот од летање го лекува со музиката на Бритни Спирс. Меган Фокс си пушта само нејзини песни во авион, затоа што верува дека не ѝ судено да умре додека ги слуша. Албумите на пејачката ѝ се како амајлија против несреќи.

djoli-jade-skorpii-i-tarantuli-gaga-spie-vo-jajce-chudnite-opsesii-na-poznatite-zheni-7.png

Кетрин Зита Џонс

Актерката обожава јагоди, но не само за јадење, туку со нив ги мие и забите. Според Кетрин Зита Џонс, тие се заслужни за нејзината бела насмевка. Покрај јаготки, таа користела и јаболки за чистење на забите, консумирајќи ги после секој оброк. Употребува и комбинација од мед и пиво за нега на косата, иако вели дека по третманот и не мириса баш најубаво.

djoli-jade-skorpii-i-tarantuli-gaga-spie-vo-jajce-chudnite-opsesii-na-poznatite-zheni-3.png

Мараја Кери

Популарната пејачка има навика да спие по 15 часа дневно(?!). А, дека сонот ѝ е важен на Мараја Кери, потврдуваат и дваесетте навлажнувачи за воздух што се наоѓаат во нејзината спална соба. Па, таа се чувствува како да спие во сауна. Во спротивно, музичката ѕвезда тврди дека не би можела да пее како што сака.

djoli-jade-skorpii-i-tarantuli-gaga-spie-vo-jajce-chudnite-opsesii-na-poznatite-zheni-10.png

Лејди Гага

Многумина се сеќаваат како ексцентричната пејачка пристигна на доделувањето на музичките награди Grammy во 2011 година. Ја доведоа во џиновско јајце на црвениот тепих, а подоцна се „испили“ на сцената. Она што не знаете е дека Лејди Гага си го понела јајцето и дома. Денес сака да медитира и да спие во него.

djoli-jade-skorpii-i-tarantuli-gaga-spie-vo-jajce-chudnite-opsesii-na-poznatite-zheni-5.png

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Анџелина Џоли има нов дечко - 9 години помлад рапер Дали Анџелина Џоли навистина пронајде љубов после Бред Пит? Која карактеристика ...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Камерон Дијаз во тајност доби син на 51 година „Благословени сме и возбудени да објавиме дека се роди нашиот син Ксрдинал Маден...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg