Згодниот затвореник и некогашната негова „љубовница“ сега заедно го очекуваат првото дете (фото)
- Детали
- вторник, 22 мај 2018
Веќе подолг период се шират гласини дека згодниот затвореник, Џереми Микс и неговата девојка Клое Грин очекуваат дете.
Богатата наследничка на Топшоп конечно ги потврди гласините и го покажа трудничкото стомаче.
Во неделата, Клое заедно со Џереми беше забележана на луксузната јахта на нејзиниот татко, Филип Грин.
27-годишната ќерка на милијардерот очигледно добро се држи во бременоста и ги откри облините, облечена само во бикини.
Таа е среќна со нејзиното момче, кое го доби прекарот „најзгоден затвореник“ многу одамна, а сега е познат модел.
https://instagram.com/p/Be4mkjZHM0O/?utm_source=ig_embed
Инаку, на Џереми ова нема да му биде прво дете, со оглед на тоа што има дете со неговата поранешна сопруга, која ја остави заради Клое.
Сега среќниот пар ужива во екстравагантниот и луксузен живот и богатството на таткото на Клое:
М. М. | Црнобело