Нова драма: Зошто ќеркичката на Кајли личи на згодниот телохранител?
- Детали
- понеделник, 07 мај 2018
Додека Кајли Џенер по секоја цена се обидува да ја сочува приватноста на својата 3-месечна ќеркичка Сторми, фановите на Кардашијан-Џенер кланот имаат малку поинакви идеи.
Сега на ред е нова драма – дали 20-годишниот Тревис Скот е таткото на Сторми или сепак татко е згодниот телохранител, со оглед на физичката сличност?
Тим Чунг неколкупати досега ја чуваше Кајли Џенер во јавноста, а инаку работи како полицаец во станица во Лос Анџелес, а истовремено е и модел по потреба.
Тим има голем број Инстаграм следбеници благодарение на неговите разголени фотки и одлично обликувано тело.
Сега стана и вирална сензација заедно со тврдењата дека Сторми повеќе личи на него, отколку на Тревис Скот. Иако сè започна на шега, сите се сомневаат дека тој е таткото.
Im just going to leave this photo of Kylie and Stormi and Kylie and her bodyguard right here ? pic.twitter.com/BEst0YTVot
— Scott Summers (@itsscottsummers) May 3, 2018
Во целата збрка која настана по социјалните мрежи, Тим сподели само една фотка со опис: Chill.
M. Д. | Црнобело