Прељуба за време на бременоста: Славни трудници кои останаа изневерени
- Детали
- сабота, 05 мај 2018
Има ли нешто пострашно од неверството во врската? Да. Кога мажот ќе изврши прељуба, додека го жената очекува плодот на заедничката љубов. Тоа е вистински хорор! А, баш ова го доживеаа неколку ѕвезди од своите партнери.
Светот го шокираше веста дека Тристан Томпсон ја изневерува трудната Клое Кардашијан. Тоа ѝ го приреди пред породувањето, па многумина сочувствуваа со ѕвездата на реалното шоу.
„Како може да ѝ направи такво нешто на жената со која очекува бебе? Кутрата таа!“- се прашуваа луѓето. Меѓутоа, Клое не е единствената „ѕвездена“ дама чиј партнер изврши прељуба за време на бременоста. Постојат уште неколку познати жени кои мажите ги оставија на цедило во најчувствителните мигови.
Ова се дел од славните трудници кои ги изневерија партнерите:
Мел Б
Глумецот Еди Марфи ја остави бившата членка на „Spice Girls“ во шестиот месец од бременоста – поради продуцентката Трејси Едмонд.
А, како ова да не беше доволно страшно, тој ја обвини Мел Б за неверство, па бараше тест за утврдување на татковството.
Клое Кардашијан
Непосредно пред раѓањето на нивното дете, во јавноста исплива видеото од неверството на кошаркарот Тристан Томпсон.
Откако го донесе бебето на свет, Клое Кардашијан наводно донела одлука да го исфрли прељубникот од дома. Сепак, не е исклучено дека ќе се смират за љубов на ќеркичката Тру.
Џордан Крег
Старлетата не беше единствената „жртва“ на Тристан Томпсон.
Претходно ѝ го приреди истото сценарио и на тогашната бремена партнерка – ѕвездата на социјалните мрежи Џордан Крег. Ја изневери и остави поради аферата со Клое Кардашијан.
Хајди Клум
Дента кога Хајди Клум беше во Германија, па на сите ѕвона ја објави веста за бременоста, таткото на детето – италијанскиот бизнисмен Флавио Бриаторе – разменуваше нежности со љубовницата Фиона Сваровски на Капри.
Секако, двојката раскина. Откако беше посвоена од пејачот Сил, тој избегнува секаков контакт со својата ќерка Лени.
Лорин Хил
Пејачката на бендот „Fugees“ и синот на реге легендата Боб Марли беа пар цели десет години. За време на шестата бременост на Лорин Хил, тој се запозна со бразилската маненка Изабела Фонтана.
Рохан Марли ја напушти трудната партнерка, а недолго потоа и се сврши со новата девојка.
М. А. | Црнобело