Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Чудни ритуали со кои ѕвездите веруваат дека привлекуваат среќа

Речиси секој од нас има по некој ритуал кој постојано го следи бидејќи верува дека му носи среќа.

chudni-rituali-so-koi-dzvezdite-veruvaat-deka-privlekuvaat-srekja-01.jpg

Чукање во дрво, или носење накит кој мислите дека ви носи среќа, или пак можеби прескокнување на дупки и заобиколување бандери по патот.

Па, ниту ѕвездите не се исклучок на суеверијата и повеќето од нив имаат чудни ритуали во кои веруваат.

Во продолжение погледнете кои ѕвезди имаат ритуали за кои веруваат дека им носат среќа:

Камерон Дијаз признала дека чука во дрво, иако не се смета за суеверна.

chudni-rituali-so-koi-dzvezdite-veruvaat-deka-privlekuvaat-srekja-02.jpg

Хајди Клум открила дека со неа секогаш носи торбичка со нејзините паднати заби, но не за да ѝ носи среќа, туку затоа што вели дека е малку откачена.

chudni-rituali-so-koi-dzvezdite-veruvaat-deka-privlekuvaat-srekja-03.jpg

Џенифер Анистон се плаши да лета, па за да се смири секогаш влегува во авионот со десна нога, а претходно мора да тропне по неговата надворешност.

chudni-rituali-so-koi-dzvezdite-veruvaat-deka-privlekuvaat-srekja-04.jpg

Серена Вилијамс верува дека среќа на турнирите ѝ носи еден пар чорапи кој го носи на секој меч.

chudni-rituali-so-koi-dzvezdite-veruvaat-deka-privlekuvaat-srekja-05.jpg

Колин Фарел признал дека на првиот ден на снимањето на филмовите носи исти боксерки, бидејќи смета дека му носат среќа.

chudni-rituali-so-koi-dzvezdite-veruvaat-deka-privlekuvaat-srekja-06.jpg

Во 2006-та, Хелен Мирен си ги заборавила чевлите за Еми наградите, па се појавила на црвен тепих со евтини штикли кои ги купила од најблиската продавница. Таа година добила награда, а следниот пат кога ги носела истите чевли повторно добила награда. Оттогаш се труди на секоја важна церемонија да ги носи истите чевли.

chudni-rituali-so-koi-dzvezdite-veruvaat-deka-privlekuvaat-srekja-07.jpg

Меган Фокс открила дека се плаши да лета со авион, а кога мора, таа ја слуша Бритни Спирс, бидејќи верува дека не ѝ е судено да ѝ се случи нешто лошо додека ја слуша Бритни.

chudni-rituali-so-koi-dzvezdite-veruvaat-deka-privlekuvaat-srekja-08.jpg

Крис Мартин признал дека пред настапите со бендот прави 18 ритуали, а како посебен го истакнува миењето заби, бидејќи во спротивно, не се чувствувал доволно подготвено.

chudni-rituali-so-koi-dzvezdite-veruvaat-deka-privlekuvaat-srekja-09.jpg

Парис Хилтон следи 2 ритуали - таа чука во дрво секој пат кога некој ќе каже нешто што таа не сака да го слушне и замислува желба секојпат кога часовникот покажува 11:11.

chudni-rituali-so-koi-dzvezdite-veruvaat-deka-privlekuvaat-srekja-10-_resize.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ејсап Роки падна врз Ријана за да ја прегрне, таа плаче од среќа – раперот избегна 24-годишна казна ... Откако беше прогласен за невин за вооружен напад од 2021-ва, Ејсап Роки истрча к...
Џенифер Лоренс шета неуредна, Џоли пазари со синот копија на Бред Пит: Фото-докази дека и ѕвездите с... Џенифер Лоренс при крајот на бременоста е сосема непрепознатлива и на папарацо ф...
Рита Ора се расплака на сцена, Зејн Малик со емотивна објава – Ѕвездите се збогуваат од Лиам Пејн Рита Ора се расплака на сцена додека пееше песна што ја издадоа со Лиам Пејн, до...
Кејт Мос (50) - пијана, Деми Мур (61) - без грам шминка: Фото докази дека и ѕвездите се само „обични... Кети Пери се шета во тренерки, бившиот на Џенифер Анистон си пие вино со новата ...
Чудниот љубовен живот на Лана Дел Реј - Скромна свадба со водич на тури со крокодили, врска со полиц... Еден месец откако ја потврди врската, Лана Дел Реј се венча со 10 години постар ...
Џенифер Анистон фит во бикини на 55, Никол Кидман со откопчан патент: Фото-докази дека и ѕвездите се... Ријана во специфичен аутфит со бунда на вечера со сопругот, Каја Гербер, ќерката...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg