Ким Кардашијан позира гола за парфемот кој ќе биде во облик на нејзиното тело (фото)
- Детали
- среда, 25 април 2018
Ким Кардашијан им дозволи на фановите да ѕирнат во процесот на креирање на новата амбалажа на нејзиниот парфем.
Во вторникот таа позираше гола, покриена само со тенок слој глина, а фотките беа објавени на Инстаграм.
37-годишната ѕвезда е позната по објавувањето на голи фотки од неа без посебна поента, но овој пат поводот е различен.
Причината заради која таа се слика гола е тоа што шишето на новиот парфем KKW Fragrance, ќе биде во облик на нејзиното тело.
https://www.instagram.com/p/Bh2hU37F8r1/?taken-by=kkwfragrance
„Новиот парфем кој ќе излезе во мај е прекрасен. Тој ќе биде скулптура од моето тело. Многу е кул. Мирисот е одличен и многу сум горда.“ – изјавила таа за Business of Fashion.
М. М. | Црнобело