Хари не чул за дезодоранс, Лео се тушира двапати неделно: Најодвратните навики на познатите

Кога ќе ги видите на црвениот тепих, нема човек што не би помислил дека ѕвездите се совршено воспитани, како и негувани од глава до пети. Меѓутоа, дали е навистина така?

majli-se-davi-vo-gjubre-hari-ne-chul-za-dezodorans-najodvratnite-naviki-na-poznatite-faci-1.png

Од богатите и славните, најмалку што можете да очекувате е да водат сметка за хигиената. Сепак, постојат низа примери кои го демантираат тоа. Кога би знаеле што прават зад кулисите, веројатно никогаш повеќе не би ги гледале со исти очи.

Овие познати фаци имаат навистина одвратни навики:

Меган Фокс

Таа е сон на многумина мажи, а вистински кошмар за луѓето што живеат покрај неа. Во едно интервју, убавата глумица призна:

„Јас сум ужасна станарка. Не сакам да средувам. Облеката ми останува таму каде што ќе ја соблечам. Заборавам да пуштам вода во тоалетот. Дури и на гости. Па, честопати пријателите ми велат: „Меган, пак си оставила неред во школката!“.“

Очигледно не е толку совршена колку што изгледа. Страшно.

majli-se-davi-vo-gjubre-hari-ne-chul-za-dezodorans-najodvratnite-naviki-na-poznatite-faci-4.png

Џенифер Лоренс

Бакнежот на оскаровката има горчлив вкус. Буквално. Ја разоткри колегата Лиам Хемсворт.

При гостувањето во телевизиска емисија, тој истакна дека бакнувањето со глумицата не е ни малку романтично. Причината?

Пред секоја сцена со бакнежи, Џенифер намерно јадела туна, или, пак, лук. Добар апетит!

majli-se-davi-vo-gjubre-hari-ne-chul-za-dezodorans-najodvratnite-naviki-na-poznatite-faci-2.png

Леонардо ди Каприо

За него жените се лепат како магнет. Да не ги привлекува случајно мирисот на популарниот глумец?

Мала е веројатноста. Поради грижата за животната средина, славниот Лео се тушира само двапати неделно.

Природата можеби ќе му биде благодарна, но околината дефинитивно не.

majli-se-davi-vo-gjubre-hari-ne-chul-za-dezodorans-najodvratnite-naviki-na-poznatite-faci-7.png

Мајли Сајрус

Скандалозната пејачка е позната по своите испади, па не зачудува што еден од нив е поврзан и со хигиената. Познаник на Мајли Сајрус сподели шокантни детали за нејзината нехигиена:

„Насекаде околу неа има кучешки измет, стара храна, амбалажа од пици, хартии од сендвичи и нечисти садови.“

И Лиам Хемсворт е згрозен од начинот на живот што го води неговата свршеничка. Сигурно не е единствениот.

majli-se-davi-vo-gjubre-hari-ne-chul-za-dezodorans-najodvratnite-naviki-na-poznatite-faci-3.png

Џесика Симпсон

Убавиот изглед не е доволен. Џесика Симпсон има долга руса коса, прекрасно лице и сјајни бели заби.

Ова е причината поради која музичарката често заборава на хигиената. Гостувајќи во едно телевизиско шоу, таа изјави дека забите ги мие само трипати неделно. Зошто?

„Моите заби се навистина бели. Но, не сакам да бидат премногу мазни. Затоа и не ги мијам секој ден.“

majli-se-davi-vo-gjubre-hari-ne-chul-za-dezodorans-najodvratnite-naviki-na-poznatite-faci-8.png

Роберт Патинсон

Нему очигледно не му пречи масната коса, ниту троши многу пари за шампони.

Запрашан дали е точно дека не ја мие и по шест недели, актерот Роберт Патинсон има одговорено:

„Веројатно. Не сум сигурен. Навистина не гледам поента во миењето на косата.“

majli-se-davi-vo-gjubre-hari-ne-chul-za-dezodorans-najodvratnite-naviki-na-poznatite-faci-11.png

Бритни Спирс

Поп принцезата е пример за неуредност.

Нејзиниот поранешен телохранител откри дека пејачката постојано „копа“ во носот, не се чешла, не ги мие забите и често не носи ниту чорапи, а ни чевли.

Покрај тоа, еднаш пронашол остатоци од хамбургер и пица во креветот на Бритни.

majli-se-davi-vo-gjubre-hari-ne-chul-za-dezodorans-najodvratnite-naviki-na-poznatite-faci-13.png

Хари Стајлс

Фанови на Хари, подгответе се да бидете разочарани!

По него воздивнуваат многу девојки. Сепак, се чини дека ни миленикот на женската публика не е голем љубител на туширањето.

Тоа го потврди Кендал Џенер во една телевизиска емисија. Кажа дека постојано го наговара да користи дезодоранс, затоа што пејачот секогаш смрди на пот под пазувите.

majli-se-davi-vo-gjubre-hari-ne-chul-za-dezodorans-najodvratnite-naviki-na-poznatite-faci-5.png

Бред Пит

Кога сте татко на шест деца, не е лесно да пронајдете доволно време за себеси. Меѓутоа, за еден краток туш – секако дека може. Бред Пит го тврди спротивното. Наместо да се искапе, глумецот користеше бебешки влажни марамчиња.

„Имам шест деца. Земам влажно марамче и набрзина го бришам телото. Човече, цел ден некој мокри по мене. Немам јас време за туширање.“

Баш и не е некое оправдување, зар не?

majli-se-davi-vo-gjubre-hari-ne-chul-za-dezodorans-najodvratnite-naviki-na-poznatite-faci-10.png

Зак Ефрон

Младиот актер е уште еден член во „клубот на небањатите“.

Зак Ефрон сака да игра кошарка и добро да се испоти. А, потоа не се тушира.

majli-se-davi-vo-gjubre-hari-ne-chul-za-dezodorans-najodvratnite-naviki-na-poznatite-faci-6.png

Џенифер Анистон

Знаевте ли дека во потта се крие „тајната“ за убавата коса на Џенифер Анистон?! Така глумицата го правда нередовното миење, дури и во деновите кога напорно вежба.

„Не, не ја мијам косата после тренинг. Малку пот е баш добро. Таа ми е како продукт.“

Холивудската миленичка е барем креативна во смислувањето изговори.

majli-se-davi-vo-gjubre-hari-ne-chul-za-dezodorans-najodvratnite-naviki-na-poznatite-faci-12.png

Адел

На британската пејачка, пак, опсесија ѝ е да буричка во носот.

„Би сакала да престанам. Навистина е лоша навика. Знам дури и на моето дете да му извлечам мрсулче од носот, да направам топче и да го фрлам. И тоа не е сѐ. Кога ја имаше првата настинка, со устата му го вшмукував секретот од носот. Беше моето бебе - моето првороденче.“

Без коментар.

majli-se-davi-vo-gjubre-hari-ne-chul-za-dezodorans-najodvratnite-naviki-na-poznatite-faci-9.png

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...
6 години ја кријат љубовта – Ретко појавување на Џенифер Гарнер со дечкото „Бен, дали ти недостасува Џенифер Гарнер сега?“ – прашуваат твитерџиите откако с...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
Ќерките на Бред Пит, трансродовата ќерка на Илон Маск – Деца кои се откажаа од презимето на славните... Три од шесте деца на Бред Пит и Анџелина Џоли се откажаа од презимето на татко и...
„Бевме одвратни, не се бањавме“ – Џејсон Присли сподели детали од животот со Бред Пит „Сигурно тоа е тајната за денес да изгледа помладо од тебе“, коментираат твитерџ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg