Главното модно правило на кралицата Елизабета + приказната за нејзиниот свршенички прстен
- Детали
- среда, 28 февруари 2018
Нејзините модни комбинации се секогаш во светли бои, а под задолжителниот моден додаток – ракавиците го крие нејзиното најголемо богатство.
Кралицата Елизабета има уникатен моден стил кој зрачи со елеганција и грациозност.
Таа постојано избира светли бои, како розова, жолта, сина итн. Една од главните причини за ова е што сака луѓето да ја забележат од далеку на некој социјален настан. Кралицата мора да се истакне, за луѓето да можат да кажат „Ја видов кралицата“, вели извор близок до кралицата.
Кралицата секогаш носи пар монохроматски ракавици, а под нив се крие еден од најсаканите предмети во нејзиниот живот – свршеничкиот прстен од принцот Филип.
Три-каратниот свршенички прстен е дијамант опкружен со 10 помали дијаманти и кралицата го носи на истиот прст со бурмата. Инаку, дијамантите од прстенот биле дел од тијарата на мајката на принцот Филип, принцезата Алис од Батенберг.
Во 1946 година кога принцезата Алис дознала дека нејзиниот син планира да ја побара раката на Елизабета сакала прстенот да има специјално значење, па затоа одлучила да му ја даде на Филип својата тијара.
За прстенот да биде достоен за кралица Филип работел со лондонскиот дизајнер на накит Филип Антробус. Тој дури изработил и алка со дел од дијамантите од тијарата, која ѝ ја дал подоцна како свадбен подарок. Вредноста на дијамантите е огромна затоа што датираат од времето на династијата Романов.
Инаку, мајката на Филип ја добила тијарата на својот свадбен ден од царот Николас II и царицата Александра од Русија.
Свршеничкиот прстен има посебно место во срцето на Елизабета и затоа таа не го вади од раката со години.
Прочитајте повеќе за љубовта на кралицата Елизабета и принцот Филип!
С. С. | Црнобело