Правила кои дадилките на Кардашијанс мора строго да ги следат
- Детали
- сабота, 17 февруари 2018
Со оглед на тоа колку деца има во „новата генерација“ на Кардашијанс, сосема очекувано е да имаат по барем една дадилка за секое.
Бидејќи мајките се „претрупани“ со работни обврски како шминкање и фотосесии, тука се дадилките да се грижат за потребите на најмалите.
Но, како бираат која дадилка ќе ја има таа „чест“ да го чува нивното дете?
Ова се само дел од строгите правила кои мора да ги почитува без да каже збор:
1. Ким има правило дека дадилките на Норт, Сент и Чикаго не смее да носат никаков накит, по инцидентот во Париз во 2016-та.
2. Секогаш мора да бидат подготвени за работа - без оглед на тоа дали е 4 часот наутро или на пладне.
3. Мора да знаат да се справат со гужви, папараци и дополнителниот товар кој си го носи славата.
4. Ким дури им кажува на нејзините дадилки каде да застанат.
5. Фотки од децата? Нема шанси. Строго е забрането дадилките да ги сликаат дечињата на Кардашијан кланот.
6. Не смеат да се појават во реалното шоу пред камерите.
7. Треба да прифатат дека некоја несреќа е нивна вина, дури и кога не е.
8. Покрај децата, дадилките ги чуваат и миленичињата.
9. Мора да се подготвени за патување секогаш, во секое време и било каде.
10. Мора да имаат голема доза на толеранција за недовербата која „ѕвездите“ ја имаат кога се работи за нивните деца.
11. Секогаш мора да се добро облечени и да се вклопуваат со семејството со изгледот – бидејќи папараците се насекаде.
М. Д. | Црнобело