Најромантичните изјави на Доналд и Меланија Трамп за бракот
- Детали
- петок, 26 јануари 2018
Без разлика што сега минуваат низ кризи и скандали, некогаш таа го опишуваше како лидер, а тој како вистинската затоа што врската со неа била лесна.
Бракот на Доналд и Меланија Трамп долго време е мистерија околу која кружат низа гласини.
Од наводната афера на Трамп со порно актерката Сторми Даниелс до изјавите дека во Белата куќа спијат во одвоени соби, многу шпекулации има околу љубовната врска на овој пар.
Но, иако нивниот брак можеби не изгледа најсреќно во моментов, во текот на изминатите години тие имаа кажано убави зборови еден за друг.
Потсетување на дел од нив:
„Прекрасно срце. Прекрасен ум. Лидер. Тоа е тоа што ќе кажам, лидер“, изјави Меланија кога во едно интервју во 2016 година ѝ кажаа да го опише Трамп со еден збор.
„Па, таа е неверојатна во кревет. Не би сакала да ви го кажам тоа, но навистина е“, се пошегува Трамп во интервју во 2004 година на прашањето која е тајната со која го освоила неговата тогашна свршеница.
„Не сакам да одам дома и да треба да работам на врската. Врската на која треба да работите според моето мислење не функционира“, изјави Трамп во 2005.
„Имаме одлична врска. Ние сме независни луѓе и милам дека тоа е навистина важно. Не сакам да го променам. Тој не сака да ме промени“, изјави Меланија во 2016.
С. С. | Црнобело