Нема дадилка за Барон: 9 интересни факти за Меланија Трамп
- Детали
- четврток, 21 декември 2017
Првата дама на САД има одличен моден вкус, смета дека детето е приоритет во животот и вели дека често не се согласува со ставовите на нејзиниот сопруг.
Со оглед на тоа дека е омажена за еден од најконтроверзните политичари на светот, Меланија Трамп одлично се справува со ситуацијата.
Таа успева да остане во фокусот со својата умереност и одличниот моден стил и полека, но сигурно, стана миленичка на многу жени ширум светот.
Еве некои интересни факти за неа:
1. Родена е во Словенија во 1970 година и уште како дете на 5-годишна возраст се има појавено на модна ревија, благодарение на нејзината мајка. На оваа фотографија таа има седум години ( втора од десно).
2. Прв позначаен концерт што го посетила е оној на Елтон Џон во Загреб кога имала 16 години.
3. По една година мината на студиите по архитектура во Љубљана, Меланија одлучила да ѝ се посвети на кариерата како модел комплетно. Таа работела во Милано и Париз, па оттаму заминала за Њујорк, каде почнала да се појавува на насловните страници на најпознатите светски магазини.
4. Се запознала со Доналд Трамп на забава во 1998 година, кога тој иако бил со девојка ѝ го побарал бројот.
5. Меланија се омажила со Доналд Трамп на раскошна церемонија на Флорида облечена во Диор венчаница, која е прогласена за една од најскапите во историјата.
6. И покрај гламурозниот начин на живот Меланија Трамп вели дека нема дадилка. Таа открива дека има готвач и асистент, но кога е детето во прашање смета дека часовите минати со нејзиниот син Барон се бесценети.
7. Таа е првиот католик во Белата Куќа по Кенедиеви.
8. Меланија во САД е втората Прва дама која е родена надвор од Америка. Луиса Адамс, сопругата на шестиот претседател на САД, Џон Квинси, била родена во Лондон, Англија.
9. Заедно со Мишел Обама и Еленор Рузвелт, таа е на листата највисоки први дами во САД.
С. С. | Црнобело