Без влакна на јазикот: Ѕвезди на кои не им е гајле што мислат другите за нив

Да се живее живот во кој сме свои и не се грижиме кој што мисли за нас е нешто кон кое сите се стремиме.

svoi-i-bez-vlakna-na-jazikot-poznati-lichnosti-shto-ne-se-plashat-glasno-da-gi-iskazhat-stavovite-01.jpg

Познатите личности честопати даваат пример со своите однесувања и можат да влијаат на мислењата на луѓето низ светот. Има такви кои се примерни и одмерени во секоја пригода, а има и такви на кои навистина не им е важно мислењето на другите за нивните животни избори.

Следува листата на познати личности кои не се извинуваат и гласно ги искажуваат своите ставови:

Џенифер Лоренс

Оригинална и секогаш во свој елемент, оваа млада актерка има препознатлив стил на однесување кој некому му е симпатичен, некому не. Но, таа воопшто не се грижи за тоа.

svoi-i-bez-vlakna-na-jazikot-poznati-lichnosti-shto-ne-se-plashat-glasno-da-gi-iskazhat-stavovite-03.jpg

Анџелина Џоли

Најпознатата хуманитарка меѓу славните, освен што изгледа прекрасно, прави и добри дела. Многумина не се согласуваат со нејзините приватни избори, како на пример тоа што ѝ го „украде“ Бред Пит на колешката Џенифер Анистон, но Анџелина се однесува онака како што таа смета дека треба и тоа ѝ успева.

svoi-i-bez-vlakna-na-jazikot-poznati-lichnosti-shto-ne-se-plashat-glasno-da-gi-iskazhat-stavovite-02.jpg

Тајра Бенкс

Познатата манекенка многупати била напаѓана за изгледот, особено за нејзините облини. Но, Тајра ги руши стереотипите за женските тела, па сите треба да ѝ бидеме благодарни за тоа.

svoi-i-bez-vlakna-na-jazikot-poznati-lichnosti-shto-ne-se-plashat-glasno-da-gi-iskazhat-stavovite-06.jpg

Џони Деп

Непоправливото „лошо момче“ многупати било во центарот на големи скандали, а последниот беше со фотографиите на неговата бивша девојка Амбер Херд која го обвини Деп за насилство. Џони не се грижи за тоа што мислат другите за него и секогаш „си тера по негово“.

svoi-i-bez-vlakna-na-jazikot-poznati-lichnosti-shto-ne-se-plashat-glasno-da-gi-iskazhat-stavovite-04.jpg

Лина Данам

Ѕвездата од серијата „Girls“ е позната по своите феминистички ставови и борбата за еднаква плата на мажите и жените. Знае да направи огромни модни утки, но никогаш не пропушта да каже дека изгледот никогаш нема да ѝ биде приоритет.

svoi-i-bez-vlakna-na-jazikot-poznati-lichnosti-shto-ne-se-plashat-glasno-da-gi-iskazhat-stavovite-05.jpg

Роберт Дауни Џуниор

Познатиот актер во минатото имал многу бурен живот – љубовни афери, дрога и алкохол се само дел од неговите пороци. Денес, не се плаши јавно да зборува за зависностите, но и за важни работи поврзани со политичките проблеми во светот.

svoi-i-bez-vlakna-na-jazikot-poznati-lichnosti-shto-ne-se-plashat-glasno-da-gi-iskazhat-stavovite-07.jpg

Меган Фокс

Преубавата мајка на три деца е исклучително искрена на сите интервјуа на кои ќе се појави. Со талентот за актерство ја побива теоријата дека нејзиниот успех се должи само на изгледот.

svoi-i-bez-vlakna-na-jazikot-poznati-lichnosti-shto-ne-se-plashat-glasno-da-gi-iskazhat-stavovite-08.jpg

Џорџ Клуни

Џорџ Клуни е од оние познати личности кои никогаш не сакале да се „провлечат“ само на тоа што се згодни и убави. Актерот не пропушта пригода да зборува за општествената одговорност и секогаш се труди приватниот живот да го стави во сенка на неговата професија.

svoi-i-bez-vlakna-na-jazikot-poznati-lichnosti-shto-ne-se-plashat-glasno-da-gi-iskazhat-stavovite-10.jpg

Мадона

Не постои листа на славни личности кои водат автентичен живот на која нема да се најде поп-кралицата Мадона. Отсекогаш уникатна, на моменти како да живее во свој свет, но никогаш не разочарала кога станува збор за музиката.

svoi-i-bez-vlakna-na-jazikot-poznati-lichnosti-shto-ne-se-plashat-glasno-da-gi-iskazhat-stavovite-09.jpg

Леонардо ди Каприо

Леонардо скоро целиот свој живот е пред камерите, па навикнат е на тоа секој да има мислење за неговите животни избори, особено љубовните врски и тоа што сé уште е ерген. Но, тој никогаш не се оправдувал пред јавноста, а и нема потреба. Лео се грижи за поважни нешта, како на пример глобалното затоплување и сиромаштијата во светот и секогаш се труди да даде позитивен пример кај другите.

svoi-i-bez-vlakna-na-jazikot-poznati-lichnosti-shto-ne-se-plashat-glasno-da-gi-iskazhat-stavovite-11.jpg

Криси Тајген

Преубавата сопруга на пејачот Џон Леџенд, моделот Криси Тајген, привлекува внимание секаде каде што ќе се појави. Брутално искрена и отворена, Криси честопати влегува во конфликти поради своите ставови за кои нема „филтер“. Но, таа воопшто не се грижи за тоа.

svoi-i-bez-vlakna-na-jazikot-poznati-lichnosti-shto-ne-se-plashat-glasno-da-gi-iskazhat-stavovite-12.jpg

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 познати дами кои изгледаат како да го имаат еликсирот за вечна младост  Рис Витерспун на 48 години изгледа како девојка во 30-тите години, Калиопи на 57...
Кои познати личности имаат браќа и сестри близнаци (и како изгледаат тие)? Вин Дизел, Ештон Кучер, Скарлет Јохансон... Кои познати личности имаат браќа и с...
Познати личности кои имаат повеќе хејтери, отколку фанови Веројатно очекувате на листата да се најде Амбер Херд. Но, кои се другите познат...
Познати личности од раните 2000-ти кои заборавивме дека постојат Се сеќавате на Тејлор Лотнер кој го глумеше Џејкоб во серијалот Twilight? Се ...
Познати актерки кои се родени во иста година, но не изгледаат така (фото) Дали ви изгледа дека Моника Белучи и Мариса Томеи се на иста возраст? Дали ви...
Како изгледаат децата на славните кои речиси никогаш не се појавуваат во јавност? (фото) Сигурно знаете како изгледа Сури – ќерката на Том Круз и Кејти Холмс. Но, дали з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg