10 одлични актери кои никогаш не добиле Оскар
- Детали
- четврток, 18 мај 2017
Некои сметаат дека наградите не се никакво мерило за успехот, но сепак мора да признаеме дека Оскарот сé уште има особено значење во филмскиот свет.
Тој носи дополнителен престиж, слава и секако, пари. Но, овие 10 актери и покрај талентот и одличните филмски улоги кои ги остварија сепак не се закитија со златната статуетка.
Леонардо Ди Каприо беше долго време дел од ова елитно друштво, кое конечно го напушти во 2016 година освојувајќи Оскар за главна машка улога во филмот „The Revenant“.
Може ли да претпоставите кои актери немаат досега добиено Оскар за најдобра или споредна машка улога?
За некои од нив нема да ви се верува, како на пример:
Гери Олдман
Одличниот актер конечно после долги години низа успешни филмови доживеа номинација за Оскар за главна улога во филмот „Tinker Tailor Soldier Spy“. Секако дека не го освои Оскарот.
Џони Деп
Миленикот на публиката очигледно не поминува добро кај критичарите. Три номинации за главна машка улога – „Finding Neverland“, „Sweeney Todd“ и „Pirates of the Caribbean: The Curse of the Black Pearl“ и ниту една награда во неговите раце.
Едвард Нортон
Нортон има една номинација за главна машка улога за филмот „American History X“ и две номинации за споредна улога во „Primal Fear“ и „Birdman“. Според многумина, и тој постојано завршува неправедно „ограбен“ на Оскарите.
Иан МекКелен
Сер Иан МекКелен беше номиниран за носечка улога во филмот „Gods and Monsters“ и споредна улога во омилениот „The Lord of the Rings: The Fellowship of the Ring“. Наградите изостанаа во обете ситуации.
Лиам Нисон
Можеби еден од најдобрите филмови на столетието „Schindler's List“ не беше доволен Нисон да го однесе Оскарот дома.
Ралф Фајнс
За претходно споменатиот филм „Schindler's List“ Фајнс беше номиниран за споредна машка улога, додека за „The English Patient“ номинацијата следуваше за главна улога, и двете без реализација на наградата.
Роберт Дауни Џуниор
Нашиот најомилен Ајронмен немаше доволно среќа да освои Оскар за главна улога во филмот „Chaplin“ или според улога во „Tropic Thunder“.
Алан Рикман
И покрај одличните изведби во серијалот за „Harry Potter“ и филмовите „Michael Collins“, „Sense and Sensibility“ и Robin Hood: Prince of Thieves, овој актер кој почина на 69-годишна возраст не само што нема освоено ниту еден Оскар, туку немал ниту една номинација во својата кариера.
Харисон Форд
Академијата ја заобиколи изведбата во маестралниот „Witness“ во кој Форд ја толкуваше главната машка улога, како и неговите изведби во The Fugitive и Sabrina, за кои и воопшто не беше номиниран.
Бред Пит
Пит е еден од оние актери кои сé уште не ги сфаќаат сериозно и покрај неговата возраст, талент и искуство. Тој има дури 3 номинации – најдобар актер за „Moneyball“ и „The Curious Case of Benjamin Button “, како и споредна улога во футуристичкиот „12 Monkeys“. Број на освоени Оскари - 0.
(O)Милена | Црнобело