Меланија Трамп згодна во костим со војнички стил од 4.000 долари (фото)
- Детали
- петок, 28 април 2017
Вистинско модно соочување се случи на последната средба помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и аргентинскиот претседател Маурицио Макри. Нормално, соочувањето беше помеѓу нивните прекрасни сопруги кои беа во центарот на вниманието.
47-годишната сопруга на американскиот претседател носеше впечатлив костим инспириран од војничкиот стил од последната пролетна колекција на луксузниот бренд „Altuzarra“.
Сакото кое го носеше Меланија чии рабови се обрабени и имитираат дезен на питонска кожа чини неверојатни 2.995 долари, додека здолништето во истиот стил чини дополнителни 1.120 долари.
Модниот стил на сопругата на аргентинскиот претседател пак многумина го споредија со оној на војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон.
Интересно е што првата дама на Аргентина Џулијана Авада носеше црвени салонки од брендот „Aquazzura“ во вредност од 695 евра, а се работи за истата компанија која ја тужи најстарата ќерка на Доналд Трамп, Иванка, тврдејќи дека таа е одговорна за копирање на нивни дизајни.
Очигледно постојат многу начини преку кои жените на светските моќници може да си испратат скриени пораки, нели? Модата е само еден од нив.
Погледнете како изгледаа првите дами на САД и Аргентина на последната средба во Вашингтон:
(О)Милена | Црнобело