Моника Белучи со грациозен дамски изглед во Монте Карло (фото)
- Детали
- понеделник, 06 март 2017
Во елегантно, модерно и женствено издание, преубавата Моника Белучи се појави како главна ѕвезда на фестивалот на филмска комедија во Монте Карло.
Дамата, која во педесеттите години изгледа подобро од било кога, одново воодушеви со својата грациозност и шарм. За оваа пригода, атрактивната бринета се појави во црна кошула и широки панталони, во комбинација со впечатлив балонер во портокалова боја.
Умерена доза на сексапил, пак, во изгледот на Моника внесе чипканиот градник кој се наѕира под откопчаната кошула. Кога се модните детали во прашање, нејзиниот избор беа префинети обетки и очила за сонце, а својата безвременска природна убавина ја истакна со дискретна шминка и заврзана коса.
На пристаништето во Монте Карло, славната Италијанка гордо позираше пред насобраните фотографи, а во пресрет на нејзиното гостување на меѓународниот филмски фестивал посветен на комедијата.
„Убавината е дар на природата и мора да се цени. Сепак, мојата работа како глумица е да им покажам на луѓето дека сум многу повеќе од само убава жена. Сестраноста е најубавата одлика на глумиците“ - порачува ѕвездата која говори три светски јазици.
За својот младолик изглед, Моника открива дека најзаслужни се гените и опуштениот начин на живот.
Како ви се допаѓа ова нејзино издание?
М. А. | Црнобело