Кога Том Хенкс случајно ќе ви упадне на свадбената фотосесија...
- Детали
- вторник, 27 септември 2016
Сите го знаеме по старите добри романтични филмови, по оние новите посериозни улоги, но дали знаете дека тој успеа на најубав начин да ги „расипе“ свадбените фотографии на еден пар?
Среќните младенци Елизабет и Рајан, се фотографирале во Централниот парк во Њујорк кога актерот кој го глумеше Форест Гамп, случајно трчал токму каде се сликал парот и решил да ги поздрави и да им ја честита свадбата.
„Дојде до нив, без да го викнат“ - вели нивната фотографка Мег Милер.
„Беа прилично шокирани и возбудени. Едноставно ова беше прилично возбудлив ден како за парот, така и за мене“ - додава таа.
Според фотографката, Хенкс бил многу радосен и учтив кон двојката.
А, решил да им остави во сеќавање и неколку заеднички фотографии:
Н. Г. | Црнобело