Возбудена девојка од публика му скокна на Енрике Инглесијас, обезбедувањето не можеше да ја „одлепи“ (видео)
- Детали
- вторник, 21 јуни 2016
Како дел од неговата турнеја „Sex and Love Tour“ имавме можност да го погледнеме и кај нас во арената „Борис Трајковски“.
И покрај тоа што неговите фанови од Македонија беа пресреќни што ќе имаат можност да го видат во живо, ниту еден од нив не успеа сам да се качи на сцената.
Но, една обожавателка од Азербејџан успеа да го направи токму тоа. Сама се качува на сцената додека тој настапува во Баку и толку силно го прегрнува не само со раце, туку и нозе.
Возбудената девојка целата се залепи за 41-годишниот пејач, а по неа веднаш скокна и обезбедувањето во обид да ја тргне.
Енрике Иглесијас остана смирен, а се обиде и да го смири обезбедувањето:
Н. Г. | Црнобело