Ивановиќ најсекси по 5-ти пат
- Детали
- понеделник, 11 јануари 2010
Српската тенисерка Ана Ивановиќ петти пат по ред е прогласена за најсекси спортистка. Атрактивната Ана Ивановиќ по пети пат е прогласена за најубава...
... спортистка на светот, според изборот кој се направи на сајтот "Тенис репортерс".
Според ова истражување, спороведено од страна на овој интернет портал, Ивановиќ добила 31,5 % од гласовите. Наредните две места ги зазеле убавите русинки Марија Кириленко на второ и Марија Шарапова на трето место.
-Ова е уште едно убаво признание за мене - одговорила Ана, кога ја прашале што мисли за тоа што повторно е на првото место на најсекси спортистка.
-Секој жена сака да добие комплименти за својот изглед, па зашто не и јас. Меѓутоа, тоа не го прифаќам многу сериозно. Најзадоволна ќе сум се додека луѓето ме гледаат ја следат и мојата игра на теренот - изјави Ана.