Денес се ѕвезди, а некогаш работеле во стриптиз клубови
- Детали
- четврток, 19 јуни 2014
Општо е познато дека многумина кога сакаат да пробаат нешто во Холивуд, мора да прават повеќе работи за да се издржуваат. Често работат како бармени, келнери, вратари во ноќни клубови, за да имаат флексибилно работно време и да можат да го искористат денот за она што навистина ги интересира.
Неретко, многу од нив прифаќале и непристојни и не многу фини работни места само за да го остварат својот сон. Голем број од денешните познати актери некогаш работеле до доцна во ноќта во стриптиз клубови.
1. Рене Зелвегер
Пред да се прослави со улогите во „Дневникот на Бриџит Џонс“ и мјузиклот „Чикаго“, Рене работела како келнерка во стриптиз бар. Иако ѝ биле понудени големи суми за да биде стриптизета, таа одбила. Денес вреди 60 милиони долари.
2. Кетрин Зета Џонс
Додека некои работат за преживување, Кетрин работела како стриптизерка за да си овозможи пластична операција на носот. Откако си ја постигнала целта, ја направила операцијата и го напуштила барот за да се посвети на кариерата. Денес таа вреди над 45 милиони долари.
3. Ченинг Татум
Пред да стане холивудска ѕвезда, Ченинг бил стриптизер под псевдоним Чен Крофорд и настапувал во склоп на машка стриптиз трупа која настапувала на Флорида. Штом го забележале од некоја модна агенција додека шетал по улица, Ченинг станал модел и ја прекинал работата како стриптизер. Подоцна добил и филмски улоги, а денес вреди околу 14 милиони долари.
4. Лејди Гага
Уште од 18 години Лејди Гага, настапува како стриптизета во ноќни клубови, каде исто така има бизарни настапи и употреба на многу дрога. Сепак,подоцна успеала да го оствари и она што го сака. Денес има добиено 5 Греми награди и тежи над 190 милиони долари.
5. Бред Пит
Пред да стане најпознат глумец во светот, Бред Пит бил стриптизер. Додека студирал на Универзитетот во Мисури, Бред бил дел од машката стриптиз група „The dancing bares“. Две недели пред да го заврши факултетот, Бред се преселил во Лос Анџелес, оставајќи ги дипломата и работата како стриптизер зад себе. Иако некој би сметал дека ова му е луда одлука, Бред благодарение на тоа денес е побогат за 240 милиони долари.