Ештон и Мила заедно гледаат фудбал
- Детали
- недела, 30 септември 2012
Изгледа дека по неколкумесечните обиди да ја скријат нивната врска, поранешните Џеки и Келсо сега се чувствуваат многу удобно и можат да се опуштат пред камерите.
Веднаш по нивната сесија со бакнежи во Централ Парк минатата недела, за време на која Ештон изгледаше позаинтересиран за неговиот мобилен телефон отколку за Мила, парот излезе рака под рака во Њујорк носејќи идентични Чикаго беарс маички.
Актерот е голем фан на американскиот фудбал, па затоа ја едуцираше неговата сакана гушкајќи ја силно додека го гледаа натпреварот во еден спортски бар.
“Мила го галеше нежно по грбот и го бакнуваше”, изјавил случаен сведок за New York Post. “Мила им кажуваше на луѓето дека Ештон ја учи некои работи за фудбалот. Можеше да се чуе како тој и ги објаснува основните правила на играта.”
Ех, не е лесно да си славен, дури и секој обичен глуп муабет ти го следи целата околина.