Славни личности кои биле (или планираат да одат) во вселената + колку платиле за билетот?
Џастин Бибер
Ричард Бренсон зборува за вселенски туризам уште пред повеќе од една деценија, па откри дека во 2013-та, Џастин Бибер бил меѓу првите кои си купиле билет за патување со неговата агенција.
Наводно, тогаш пејачот платил 250.000 долари.
Ријана
Истата година, и Ријана си резервирала место на приватен вселенски лет кој уште не е реализиран.
Пејачката платила околу 750.000 долари за неа, нејзиниот брат и телохранител.
Пит Дејвидсон
Во 2022 година, Пит Дејвидсон требаше да лета во вселената со Blue Origin, но потоа беше тргнат од мисијата.
Сепак, Џеф Безос го имал во план за некој нареден лет, како гостин.
Џејмс Камерон
Џејмс Камерон се смета за правата личност која купила билет за вселенско патување, во период кога никој уште не ни можел да ги реализира овие патувања.
Во 2011 година, тој платил над 100 милиони за патување до Месечината преку компанијата Space Adventures.
Патувањето уште не е реализирано, но ако новата мисија на НАСА до Месечината се покаже како успешна, можеби и Џејмс Камерон и ќе има шанса да ја види одблиску.
Ештон Кучер
Во 2012 година, Ештон Кучер бил 500-тата личност која купила билет од Virgin Galactic - компанијата на Ричард Бренсон.
Сепак, во 2021 година откри се премислил бидејќи откако добил деца, сфатил дека не треба да се изложува на толкав ризик.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





