Продаде преку 20 милиони плочи во '90-те, денес е бездомник - Tажната судбина на пејачката на En Vogue
- Детали
- петок, 14 март 2025
Ги отпеа хитовите Free Your Mind и Don’t Let Go, имаше светска слава и пари, а денес живее како бездомник. Се сеќавате ли на Дон Робинсон, една од пејачките на En Vogue?
Дон Робинсон, една од пејачките на женската група En Vogue, веќе три години живее ако бездомник. Таа спие во својот автомобил и патува низ Америка откако го загубила својот дом.
Дон пееше во една од најпопуларните групи во 1990-тите, En Vogue, со која ги отпеа хитовите Free Your Mind и Don’t Let Go, a кои се слушаат и денес.
Со групата таа продаде и преку 20 милиони плочи ширум светот, одржуваше концерти, имаше гостувања на фестивали, ТВ-шоуа, водеше идиличен живот.
Токму затоа јавноста беше изненадена кога Дон сподели видео на Јутјуб во кое открива дека е бездомник.
„Во последниве скоро 3 години живеам во својот автомобил. О Боже... ете, го кажав тоа на глас“, вели 58-годишната пејачка.
Нејзините проблеми започнале во 2020-та година, кога морала да го напушти семејниот дом во Лас Вегас, каде што живеела со својата мајка.
Во првиот месец спиела во автомобилот паркиран на улиците на Вегас, а потоа со својот менаџер се договорила да се врати во Лос Анџелес, да остане кратко со него и да се стабилизира.
Но, бидејќи двајцата имале кучиња кои не се поднесувале, таа морала да си замине.
Менаџерот, сепак не ја оставил на улица и во следните 8 месеци ѝ плаќал хотелска соба.
Во меѓувреме почнала да настапува и да заработува, но тоа ѝ било доволно само за живот, но не ѝ за да си плаќа кирија или хотел.
Дон не сакала да биде на негов товар, па во 2022 го напуштила хотелот во кој живеела и решила да остане да спие во автомобилот.
„По неколку години живот во автомобилот, се чувствувам слободно. Навистина слободно“, вели таа.
Погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





