„Не сакам да верувам дека се пар“: Зошто фановите на Тимоти Шаламе ја мразат Кајли Џенер?

ne-sakam-da-veruvam-deka-se-par-zoshto-fanovite-na-timoti-shalame-ja-mrazat-kajli-dzhener-03.JPG

И покрај постојаните шпекулации дека раскинале и желбата на фановите на Тимоти да се разделат, актерот и ријалити ѕвездата сепак се сериозни во однос на нивната врска.

А, тоа го потврдуваат и блиски извори до парот.

„Кајли ужива во друштвото на Тимоти. По неколку години раскинување и смирување со Тревис, сака врска без притисок.

Во семејството сите ја поддржуваат“, откри извор минатата година.

ne-sakam-da-veruvam-deka-se-par-zoshto-fanovite-na-timoti-shalame-ja-mrazat-kajli-dzhener-10.JPG

Неодамна, пак, друг извор сподели дека Кајли е задоволна од односот на Тимоти кон нејзините деца.

„Тој разбира дека на Кајли, децата секогаш ќе ѝ бидат приоритет.

Шармантен е, ја сака Кајли и сака да ја заштити. А, неа ѝ се допаѓа што е приватна личност“.

Изминатата година, Кајли и Тимоти почесто се појавува на настани, вклучуваќи неколку модни ревии, па и спортски натпревари, како US Open.

ne-sakam-da-veruvam-deka-se-par-zoshto-fanovite-na-timoti-shalame-ja-mrazat-kajli-dzhener-02.JPG

Во ноември, Тимоти ја поддржуваше Кајли кога таа доби награда од Wall Street Journal, а неодамна, пак, ријалити ѕвездата му даде поддршка на актерот на доделувањето на Златните глобуси.

На филмскиот настан, тие дури и се бакнуваа пред камерите.

„Кајли е пресреќна со него. Никогаш не била толку вљубена. И, Тимоти е одличен за неа.

Нејзиното семејство го сака. Дискретен е и ја штити. Тој е вистински џентлемен и маж каков што Кајли заслужува“.

ne-sakam-da-veruvam-deka-se-par-zoshto-fanovite-na-timoti-shalame-ja-mrazat-kajli-dzhener-06.JPG

Наводно, Тимоти дури и го прославил Божиќ со семејството на Кајли, иако ријалити ѕвездата немаше споделено фотка со него.

Што се однесува до фановите на актерот, на форуми како Редит некои одат дотаму што велат дека го мразат поради врската со Кајли.

Исто така на Редит, некои пишуваа дека планирале да го нападнат Тимоти на доделувањето на Златните глобуси бидејќи не им се допаѓала врската со Кајли.

За среќа, немаше ваков инцидент на доделувањето.

ne-sakam-da-veruvam-deka-se-par-zoshto-fanovite-na-timoti-shalame-ja-mrazat-kajli-dzhener-04_copy.JPG

И ТикТок е преплавен со фанови кои се „разочарани и ужаснати“ од врската на парот и имаат само погрдни зборови за Кајли.

Некои, пак, се сигурни дека врската е маркетиншки трик бидејќи не сакаат да веруваат дека маж како Тимоти би бил заинтересиран за „пластична жена“ како Кајли.

Сепак, и покрај сите гласини, шпекулации и критики, Тимоти и Кајли покажуваат дека навистина се среќни заедно.

Погледнете и: Беше заљубен во ќерките на Мадона и Џони Деп, со врската со Кајли Џенер го разбранува Холивуд: Кој е Тимоти Шаламе?

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Зависности, брак од 6 дена: Проклетството што ги следи актерите од „Сам дома“ Актерот што го глуми Баз, брат му на Кевин, беше обвинет за семејно насилство, н...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg