Деца на познати личности кои наследија милиони по смртта на родителите
- Детали
- сабота, 14 декември 2024
Децата на Мајкл Џексон добија по околу 100 милиони од огромното наследство што го остави татко им.
Некои познати и богати личности одлучуваат да не им остават ни „скршен денар“ на своите деца.
Односно, велат дека ќе им помогнат да се снајдат во животот, ќе им овозможат образование и сè што им е потребно, но дека ќе ги остават сами да ги заработуваат своите пари.
Од друга страна, има и славни личности кои по смртта им оставиле скоро сè на нивните деца.
Деца на познати личности кои наследија милиони:
Децата на Робин Вилијамс
По трагичното самоубиство во 2014 година, актерот им остави на трите деца богатство кое се проценува на повеќе од 100 милиони долари.
Но, неговата сопруга ги тужеше бидејќи сите деца беа од претходни бракови на актерот, а тој нејзе не ѝ оставил ништо.
На крај, тие направија спогодба приватно и иако можеби и сопругата добила дел, децата дефинитивно добиле по неколку милиони.
Децата на Брус ли
На денот на смртта, богатството на Брус Ли се проценуваше на околу 10 милини долари.
Тој им остави по 25% од парите на двата сина – Брендон и Шенон – односно по околу 2,5 милиони.
За жал, Брендон трагично загина кога имаше само 28 години, а наводно сега брат му Шенон управува со наследството од татко им.
Ќерката на Кери Фишер
По ненадејната смрт во 2016-та, ѕвездата од Star Wars ѝ остави сè на ќерка си Били Лорд.
Покрај богатството од 6,8 милиони, таа наследи и имот во вредност од 18 милиони.
Децата на Дејвид Боуви
Познатиот пејач имаше богатство од околу 100 милиони долари кога почина во 2016-та.
Неговите две деца добија по 25% од парите, односно околу 25 милиони.