Деца на познати личности кои наследија милиони по смртта на родителите

Децата на Џон Ленон

Џон Ленон има два сина – еден со Јоко Оно и еден со првата сопруга Синтија.

По неговото убиство, синот од првата сопруга не доби ништо и сите пари завршија кај Јоко и нејзиното дете.

Но, цела деценија подоцна, Јоко конечно се согласи да му даде дел од парите на татко му, односно околу 28 милиони.

deca-na-poznati-lichnosti-koi-nasledija-milioni-po-smrtta-na-roditelite-06.JPG

Ќерката на Елвис Присли

Лиза Мари, единственото дете на Елвис Присли, наследи нешто повеќе од 5 милиони долари.

Парите ѝ следуваа по 25-тиот роденден, но дотогаш мајка ѝ успеа да го зголеми богатството на дури 100 милиони долари, од кои сите ги наследи Лиза Мари.

deca-na-poznati-lichnosti-koi-nasledija-milioni-po-smrtta-na-roditelite-07.JPG

Децата на Мајкл Џексон

На денот на смртта, Мајкл Џексон имаше долг од половина милијарда.

Но, иронично, до 2015-та богатството му се зголеми на дури две милијарди.

Според тестаментот на пејачот, околу 20% од парите сакал да одат во добротворни цели, а останатото да биде поделено на неговите три деца.

Ова значи дека трите деца добија по повеќе од 100 милиони кога станаа полнолетни.

deca-na-poznati-lichnosti-koi-nasledija-milioni-po-smrtta-na-roditelite-08.JPG

Ќерката на Курт Кобејн

Френсис Бин е единственото дете на Курт Кобејн и таа доби голем дел од неговото богатство.

На денот на смртта, пејачот имаше вкупно богатство, заедно со недвижнини, во вредност од околу 450 милини долари.

Ќерка му наследи скоро половина од ова, а и редовно добива околу 100.000 долари месечно од авторските права на татко ѝ.

deca-na-poznati-lichnosti-koi-nasledija-milioni-po-smrtta-na-roditelite-09.JPG

Ќерката на Витни Хјустон

Единствената ќерка на Витни Хјустон наследи 20 милиони по нејзината смрт.

За жал, Боби Кристина Браун почина околу три години по мајка ѝ од предозирање.

Поради ова, богатството на пејачката заврши кај нејзините браќа и мајка ѝ.

deca-na-poznati-lichnosti-koi-nasledija-milioni-po-smrtta-na-roditelite-10.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Како изгледаат децата на славните кои речиси никогаш не се појавуваат во јавност? (фото) Сигурно знаете како изгледа Сури – ќерката на Том Круз и Кејти Холмс. Но, дали з...
Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс – Богати личности кои живеат во (релативно) скромни домови, и покрај м... Милијардерот Ворен Бафет е еден од најбогатите луѓе во светот и иако поседува мн...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Никој не е совршен: Ќерката на Хајди Клум мачи мака со акните, а е меѓу најбараните млади модели Лени, ќерката на Хајди Клум, објави фотографија без шминка и покажа дека иако е ...
Баба им недозволено им ги трошела милионите од татко им – Трите деца на Мајкл Џексон заедно на црвен...  Биги, најмалиот син на кралот на поп-музиката Мајкл Џексон, се појави во Л...
10 деца на славни личности кои се поубави и од родителите Ќерката на Бред Пит и Анџелина Џоли, ќерката на Лени Кравиц и Лиса Боне… Ќерк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg