Паола била најтажната принцеза во Европа во 70-тите – Со децении молчи за аферите на сопругот и неговото вонбрачно дете
- Детали
- недела, 17 ноември 2024
Добила забрана да се разведе и со години криела дека сопругот живее со љубовницата и вонбрачната ќерка, додека таа се повлекла да живее во запуштен дел од дворецот. Зошто кралицата Паола од Белгија со години важеше за најтажната принцеза во светот?
Кралицата Паола од Белгија во септември годинава го прослави својот 87-ми роденден, а славеше и 66 години брак со сопругот.
Своевремено важеше за една од најубавите жени во Европа, но за жал, нејзината бајка, по венчавката со принцот, бргу се претворила во кошмар.
Што знаеме за кралицата, која пред Шарлена од Монако, ја нарекуваа „најтажната принцеза во светот“?
Паола била родена во 1937-ма година во Форте деи Марми во Тоскана, Италија, како седмо дете на принцот Руфо ди Калабриа и дона Луиса Газели деи Конти ди росана е ди Себастијано.
Како дете кое потекнува од кралско семејство во сина крв, Паола ги имала сите привилегии додека растела.
Се образувала во католичко училиште, а по завршувањето на средношколското образование, отворила свое модно ателје заедно со пријателката Марина Ланте дела Ровере.
Благодарение на кралското потекло и елегантниот стил на облекување во младоста Паола важела за модна икона и ја сметале за една од најубавите жени во Европа, па воопшто не е ни чудо што веднаш му го привлекла вниманието на белгискиот принц Алберт.
Паола и Алберт се запознале за време на инаугурацијата на папата Јован Тринаесетти, а потоа продолжиле да одржуваат контакт.
Парот се венчал во 1959-та година. Иако првично сакале да ги венча папата во Рим, заради притисоците од белгиската влада, парот морал да направи две свадби: една во Брисел и една во Рим.
Набрзо потоа, добиле три деца. Принцот Филип во 1960-та година, принцезата Астрид во 1962-ра година и принцот Лоран во 1963-та година.
Во тој период Алберт бил назначен за почесен претседател на белгиското министерство за надворешна трговија, заради што тој почнал сè почесто да патува, а Паола останала да живее сама во дворецот.
Дополнително, младата принцеза во тоа време се чувствувала ужасно затоа што ѝ недостасувала сончевата Италија каде што израснала и семејството.
Кризата во бракот уште повеќе се засилила кога Алберт започнал афера со бароницата Сибил де Селис Лонгшамп, со која почнал да се појавува во јавност, а во 1968-ма година ја добил и ќерката Делфин.
Алберт сосема заборавил на семејството кое го чекало во палатата и целото слободно време го поминувал со љубовницата и вонбрачната ќерка.
Алберт со љубовницата и вонбрачната ќерка