По раскинувањето со Џони Деп беше во депресија, украде дизајнерска облека: Како Винона Рајдер си ја врати популарноста?
Беше фатена како краде од продавница
Во 1990-тите, кариерата на Винона се движеше во нагорна линија, а доби и две номинации за Оскар.
Имаше и кратка врска со Мет Дејмон, а подоцна изјави дека по раскинувањето останале во добри односи.
Но, актерката имала проблеми со менталното здравје кои кулминираа со кражба во 2001 година.
Тогаш Винона украде дизајнерска облека и модни додатоци во вредност од 5.000 долари, а од кражбата има и снимка од безбедносна камера.
Подоцна се откри дека актерката пиела лекови, како антидепресиви, без да ѝ бидат препишани и, генерално, ѝ била потребна психијатриска помош.
Таа доби 3-годишна условна казна, задолжителна консултација со психијатар, а требаше да исплати и околу 6.000 долари на продавницата од којашто ја украде облеката.
Актерката ретко зборува за инцидентот, но еднаш откри дека тогаш имала клиничка депресија.
„За мене, тоа беше суров период…
Нема да навлегувам во детали, но целата ситуација ми овозможи да сфатам што навистина ми треба“.
Си ја врати популарноста со Stranger Things
Иако по инцидентот со кражбата имаше неколку помали улоги, Винона главно се држеше настрана од јавноста.
Но, ова се промени по премиерата на серијата Stranger Things, каде што има една од главните улоги.
Неодамна, премиерно беше прикажан новиот филм на актерката – Beetlejuice – а во меѓувреме работи и на последната сезона од Stranger Things.
Среќата ѝ се насмевна и во љубовта
Од 2011 година, Винона е во врска со модниот дизајнер Скот Мекинли Хан.
Иако се среќни заедно, актерката вели дека немаат план да се венчаат.
„Сакам да сум со него. Но, брак? Не сум сигурна.
Подобро никогаш да не стапам во брак отколку да бидам разведена неколкупати.
Не дека има нешто лошо во разводот, но мислам дека не би го издржала.
Сепак, мајка ми и татко ми се во среќен брак 45 години и ми поставија мошне високи стандарди“.
Спирова С. | Црнобело