Татко му бил убиен од бивша девојка – Тажни детали од животот на Еди Марфи
Беше вмешан во скандал со проститутка
Во 1997 година, автомобилот на Еди Марфи бил запрен од полиција, а внатре полицајците го затекнале актерот со 20-годишна проститутка.
Подоцна се дозна и дека проститутката била трансродова личност.
Тогаш актерот изјави дека не планирал да плаќа за секс, туку само ѝ понудил на девојката да ја однесе каде што сака бидејќи му се чинело дека е на опасно место.
Девојката заврши во затвор, а оттаму изјави дека не е фер што ја затвориле за проституција, додека актерот не добил никаква казна.
Скандалот стана уште поголем кога следната година, девојката беше најдена мртва.
Тој период јавноста полна да шпекулира дека Еди Марфи е замешан во нејзиното убиство, но по некое време гласините стивнаа.
Брат му почина од леукемија
2017-та, на само 57-годишна возраст, братот на Еди Марфи ја изгуби битката со леукемија.
Брат му Чарли имаше мали улоги во неколку филмов на Еди Марфи, а и не ја испушташе можноста да го пофали актерот.
„Не можам да ви опишам колку сум горд на Еди.
Првпат кога го видов на сцена, она што го почувствував… го чувствува и денес“ има изјавено во интервју.
Многупати се ширеа гласини дека починал
Низ годините, се имаат појавено бројни лажни информации дека Еди Марфи починал или загинал.
Па, самиот требаше да ја убедува јавноста дека е жив.
Некогаш и брат му Чарли излегуваше со изјави.
„Брат ми е добар. Луѓето кои ги почнуват овие гласини се болни.
Неверојатно е колку ниско се спуштаат за малку внимание“.
Спирова С. | Црнобело