Татко му бил убиен од бивша девојка – Тажни детали од животот на Еди Марфи
- Детали
- среда, 28 август 2024
Еди Марфи го загубил татко му кога имал само осум години. Тој бил убиен од жена која, според изјавите на актерот, веројатно му била партнерка.
Кога станува збор за комедии, малку актери можат да се споредат со Еди Марфи.
Актерот е активен повеќе од четири децении, а се има појавено во некои од најдобрите комедии снимени досега, од кои дел се сметаат и за култни.
Сепак, иако успева да го насмее целиот свет, животот на актерот е одбележан со низа трагедии.
Неколку тажни детали за Еди Марфи:
Татко му бил убиен
Еди Марфи го загубил неговиот татко кога имал само осум години.
Тој бил убиен, односно избоден од жена чиј идентитет не ѝ е познат на јавноста.
Родителите на актерот дотогаш биле разведени, па според досегашните изјави на актерот, татко му веројатно бил убиен од жена која му била партнерка.
„Никогаш не ми стана јасно што се случило. Веројатно таа (убиецот) си помислила ’Ако не си со мене, нема да бидеш со никој друг‘ или нешто слично.
Смртта на татко ми беше навистина трауматична за мене“, сподели актерот во постаро интервју.
Исто така, Еди Марфи има изјавено дека сеќавањата за татко му почнале да бледнеат, како и дека постојано се прашува како би изгледал неговиот живот доколку не бил убиен.
Со брат му поминале една година во дом за сираци
По смртта на татко му, мајката на Еди Марфи се разболела и морала да лежи во болница.
Бидејќи немало кој да се грижи за актерот и брат му, тие завршиле во дом за сираци каде што останале цела година.
А, актерот има изјавено дека воспитувачката во домот постојано ги малтретирала.
„Еднаш за вечера ни даде да јадеме опашки од свиња. Ние, пак, кажавме дека ни дала да јадеме змии, па таа го истепа брат ми“.
Од почетокот на кариерата се соочувал со расизам
Еди Марфи почна да го привлекува вниманието на јавноста во 1980-та.
Тогаш, на 19-годишна возраст, станал дел од Saturday Night Life.
Сепак, и покрај талентот, се соочувал со расизам.
„Тој период, сите беа сурови кон мене… Филмската индустрија не беше убаво место за црни актери“.
По успехот со филмовите 48 Hours и Beverly Hills Cops, Еди Марфи станал уште поголема мета.
Всушност, и покрај талентот, режисерите и продуцентите го потценувале и го терале да глуми само стереотипни Афроамериканци.
„Продуцентите ќе ми речеа ’можеш ли да глумиш досаден црнец?‘ и кога ќе ги прашав дали имаат сценарио, ми велеа да импровизирам“.