Блејк Лајвли се крие од јавноста и скромно прослави роденден додека ја критикуваат: „Ми личи на злобна жена, нема талент“
Познато е дека родителите на Блејк Лајвли ги искористиле нивните врски во забавната индустрија за да ја започнат кариерата на актерката.
Татко ѝ Ерни Лајвли, кој почина во 2021-ва, самиот беше актер, а првата улога на Блејк е во негов филм.
Покрај бројните улоги, тој работел и како режисер и продуцент.
И мајка ѝ на Блејк – Елејн Лајвли – глумела во неколку филмови, но главно работи како менаџер за таленти.
Односно, таа е личноста што бара талентирани актери за холивудските филмови и ги подучува.
Во 2006 година, Блејк изјави дека немала многу избор кога станува збор за избор на кариера. Односно, било јасно дека ќе работи во филмската индустрија.
„Пораснав на филмски сетови. Мајка ми е менаџер и постојано подучува идни актери…“
Додека била во средно, кружеле гласини дека родителите на Блејк честопати поткупувале режисери и слично за да ја „протнат“ Блејк во реклами, емисии и слично, без разлика што немала талент.
Актерката, пак, тврди дека овие гласини се лажни и дека поради нив изгубила многу пријатели.
Блејк вели дека почнала да се занимава со глума поради брат ѝ Ерик.
Кога ѝ предложил да стане професионална актерка, ја однел на патување низ Европа каде што ја прашал „Што планираш да правиш во животот?“
„Тогаш имав 15 години и брат ми рече да станам актерка.
Почна да бара од неговите агенти да ме праќаат на аудиции.
Не сакав да го разочарам бидејќи беше многу добар со мене, па одев на аудиции. И, по неколку месеци, добив улога“, вели актерката.
Веќе спомнавме, улогата што ја добила била за филм во кој глуми и татко ѝ, па многумина не веруваат дека била на аудиција.
Три години подоцна, таа ја доби улогата во Gossip Girl што ја направи светски позната, а се шпекулира дека нејзините родители „замешале прсти“ и во тој случај.
Спирова С. | Црнобело