На што ги троши Тејлор Свифт милијардите?
- Детали
- недела, 11 август 2024
Мачката на Тејлор Свифт, Оливија играла во голем број реклами и филмови, па се проценува дека заработила околу 100 милиони долари, што е за 30 милиони повеќе од она што го заработува дечкото на пејачката. Како и на што ги троши Тејлор Свифт тешко заработените милијарди?
Тејлор Свифт денес важи за една од најбогатите пејачки и музичари на сите времиња.
Нејзиното богатство во моментов се проценува на 1,1 милијарда долари, коишто ѝ овозможуваат живот на висока нога, но и да си ги дозволи работите што ѝ се допаѓаат.
Светкави парчиња облека, дизајнерски накит, винтиџ инструменти, недвижности, приватен авион...
Ако се погледне листата на скапи работи што пејачката ги поседува, станува јасно дека таа не ги штеди тешко заработените милијарди.
Освен тоа, таа е страсен колекционер, а има интересни и скапи колекции.
Во продолжение погледнете како Тејлор ги троши парите:
Често се вели дека Тејлор е колекционер на недвижности. Таа има голем број имоти во 4 различни држави, а меѓу нив се куќа покрај океан во Роад Ајланд (50 милиони долари), пентхаус во Њујорк (3 милиони долари) и „засолниште“ во Њујорк кое чини 50 милиони долари.
Според Forbes таа поседува вкупно 8 различни и луксузни куќи во САД, но не се исклучува можноста таа да е сопственичка и на голем број имоти за кои јавноста не знае.
Со оглед на тоа што често патува, Тејлор има приватен авион кој чини околу 45 милиони долари, а има резервирано уште еден дополнителен авион „за секој случај“. Не се знае колку точно пари одвојува за резервацијата на вториот авион, но сигурно тоа не е евтино.
Освен недвижности и авиони, Тејлор има и скапа колекција со автомобили. Таа поседува автомобил Audi R8, како и ограничена едиција на Porsche.
Се смета дека најскапиот автомобил што го поседува е Ferrari 458 Italia, кој чини помеѓу 200.000 и половина милион долари.
Пејачката го вози овој автомобил во моментите кога не ѝ пречи да ја забележат во јавност, затоа што е невозможно во него да не привлечете внимание.