Имаше само 49 години, се жалел дека има настинка - Што знаеме за смртта на познатиот диџеј Томкрафт?
- Детали
- среда, 17 јули 2024
Пред само еден месец објавил фотка на која среќни и вљубени го прославуваат роденденот на сопругата со која се заедно 20 години. Пред 3 дена имал настап... Обожавателите на електронската музика со тага и неверување ја прифатија веста за смртта на диџејот Томкрафт.
Вистинското име на диџеј Томкрафт беше Томас Брукнер, а најпознат е по неговиот хит Loneliness од 2002-ра година, кој му донесе светска слава.
На 12-ти јуни годинава, диџејот го прослави својот 49-ти роденден.
Неговото семејство на Инстаграм објави дека диџејот починал во понеделникот на 15-ти јули, но не сподели детали за неговата смрт.
„Со тешко срце ве информираме дека вчера (15.07), почина нашиот сакан татко и сопруг.
Секогаш ќе останеш во нашите срца и ќе те сакаме до денот додека да се сретнеме пак“ – стои во соопштението.
Диџејот зад себе ја остави сопругата Сабина, со која беше во среќен брак од 2000-та година и за која велеше дека е љубовта на неговиот живот, и трите деца Макс, Амели и Софи.
На неговите социјални мрежи сѐ уште може да се види објавата од 27-ми јуни годинава, кога го прославиле нејзиниот роденден, со торта, а тој ѝ порача:
„Среќен роденден на љубовта на мојот живот“.
Инаку, Том Крафт се прослави во 90-тите години како диџеј и продуцент, а настапувал и на германскиот фестивал на електронска музика Love Parade.
Според објавите на социјалните мрежи, тој пред само 3 дена имал настап на фестивал.
Неговиот добар пријател Westbam, кој исто така е меѓу пионерите на електронската музика од 90-тите години, објави подолг пост на Инстаграм, со кој се прости од него:
„Нашиот добар пријател диџеј Томкрафт почина на само 49 години. Настапивме заедно со него пред две недели и имавме одличен сет.
Седев таму и го слушав од почетокот до крајот. Нешто што ретко го правам.
Звучеше одлично и беше целосно свој.
Можеби тоа беше неговиот последен сет. Не знам.
Разговарав со него пред три дена и ми рече дека заздравува од настинка, но ми изгледаше дека е добро расположен.
Том имаше одлична нова музика и се радуваше што ќе настапи заедно со нас на фестивалот Rave The Planet.
Но, не било судено и ми се крши срцето заради тоа.
Почивај во мир, брате“ – му порача пријателот.
Веста за неговата смрт ги изненади обожавателите на електронската музика, кои се простуваат од него на социјалните мрежи и упатуваат пораки со сочувство до семејството.
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





