Се крие во англиско село, на бившата сопруга ѝ плаќа само 700 евра месечно - Што знаеме за сопственикот на H&М?
- Детали
- недела, 07 јули 2024
Се крие во англиско село, ја чува својата приватност, а и покрај тоа што има милијарди, на првата сопруга ѝ плаќа месечна алиментација од само 700 евра. Што знаеме за сопственикот на H&М, Стефан Персон?
Сопственикот на H&M и неговото семејство важат за најбогатите луѓе во Шведска, кои имаат милијарди на своите сметки, но се познати како личности кои сакаат да водат анонимен живот, подалеку од очите на јавноста.
Во моментов сопственик на H&M е Стефан Персон (76) кој со своето богатство од 17,6 милијарди долари е најбогат меѓу 12-те милијардери во Шведска, и 17-ти најбогат човек во светот.
Тој е син на основачот на компанијата Ерлинг Персон, кој се стекнал со образование на Универзитетот во Стокхолм.
Податоците за него се оскудни, но се знае дека претходно бил во брак со Памела Колет, со која се венчал во 1974-та година.
Парот заедно добил три деца, синовите Карл–Јохан и Том Персон, како и ќерката Шарлот Содерсторм, кои исто така имаат милијарди на своите сметки и важат за повлечени луѓе.
Стефан и Памела се развеле по 17 години брак во 1991-ва година, а познато е дека таа од сопругот во последните неколку години добива „пензија“ од околу 700 евра месечно.
Денес Стефан сè уште го има главниот збор во компанијата како сопственик, иако неговиот најстар син од 2020-та година е на функцијата претседател на одборот.
Најстариот син на Стефан, Карл-Јохан, со сопругата
Но, наместо во родниот Стокхолм, Стефан времето го поминува со својата втора сопруга Денис во англиско гратче Рамсбури каде уште во 90-тите години купил фарма, како и околните имоти и шума.