Ги понижувал бившите, поддржуваше силувач – Мрачни факти за Ештон Кучер (што фановите ги игнорираат)
Ја понижувал бившата Џануари Џоунс
Ештон не бил добар партнер ни во врската со бившата девојка Џануари Џонс.
Тој и актерката беа заедно од 1998 до 2001 година, а Ештон бил многу љубоморен и постојано ја обвинувал дека ја изневерува.
Притоа, постојано ја понижувал и не ја поддржувал нејзината актерка кариера.
„Постојано ми велеше дека не сум добра актерка.
Но, можеби треба да му се заблагодарам бидејќи неговите лоши зборови подоцна ме мотивираа“, има изјавено таа откако раскинаа.
Ги лажеше фановите за да си го рекламира бизнисот
Пред некоја година, Ештон Кучер направи апликација за допишување – Community.
Во периодот кога ја лансира, на Твитер сподели дека преку апликацијата, фановите ќе можат да му пишуваат директно:
„Ми недостасува да се поврзам со реални луѓе. Со мојата заедница (community). Отсега ќе можете да ми пратите порака лично мене.
Нема да можам да одговорам на сите пораки, но барем ќе бидеме искрени едни со други. Ова е мојот број“.
Но, кога фановите праќале порака на бројот, добивале автоматски одговор – линк до апликацијата на актерот.
Кога, пак, ќе направеле профил, не стапувале во контакт со актерот, туку само добивале куп пораки со реклами.
Очекувано, ова ги разгневи фановите и неговата апликација не е најпопуларна.
Го поддржуваше колегата Дени Мастерсон кој е во затвор за силување
Дени Мастерсон, кој го глумеше Хајд во серијата That ’70s Show, моментално отслужува 30-годишна затворска казна за силување две жени.
Обвиненијата против Дени се појавија пред неколку години, а уште пред пресудата, во јавност се појавија цврсти докази за неговата вина.
Сепак, Ештон Кучер (заедно со Мила Кунис) одлучи јавно да му даде поддршка.
„Дени има позитивно влијание врз мојот живот… Иако сум свесен дека тој е обвинет за две силувања и жртвите бараат правда, се надевам дека моето сведоштво за неговиот карактер ќе биде земено предвид.
Јас не верувам дека тој е закана за општеството и не би било во ред неговата ќерка да порасне без татко“, изјави тогаш актерот.
Откако Дени беше осуден, Ештон и Мила објавија видео со објаснување за нивната поддршка, но како да избегнаа да се извинат, барем на жртвите.
„Свесни сме за болката што ја предизвикавме со изјавите за Дени Мастерсон.
Ние ги поддржуваме жртвите. Сме го правеле ова во минатото и ќе продолжиме да го правиме во иднина“.
Спирова С. | Црнобело