Ги понижувал бившите, поддржуваше силувач – Мрачни факти за Ештон Кучер (што фановите ги игнорираат)
- Детали
- петок, 31 мај 2024
Му даде поддршка на колегата Дени Мастерсон кој моментално е во затвор за силување, ја тераше Деми Мур да имаат секс во тројка, а притоа ја изневеруваше додека беа во брак – мрачни факти за Ештон Кучер кои фановите ги игнорираат.
По улогата во That ’70s Show, Ештон Кучер стана светски познат актер. Во среќен брак е со Мила Кунис, а заедно имаат и две деца.
Иако за фановите Кучер е актер кој зад себе нема скандали како други познати личности, сепак и тој е далеку од совршен.
Неколку непријатни факти за Ештон Кучер што фановите ги игнорираат:
Ја изневерувал Деми Мур додека беа во брак
Ештон Кучер и Деми Мур се венчаа во 2005-та, се разделија шест години подоцна, а го финализираа разводот во 2013-та.
Според Деми Мур, тој ја терал да имаат тројки, а притоа и ја изневерувал.
„Бидејќи во нашата врска донесовме и трета личност, Ештон ми рече дека тоа ги променило правилата, па неговото неверството всушност не било неверство“, напиша актерката во нејзините мемоари од 2019-та.
Според неа, тој прво ја изневерил со жена по име Бритни Џонсон, а потоа и со друга жена која ја запознал на ергенска прослава на негов пријател.
Наводно, второто неверство се случило кога тој и Деми требало да ја прослават шестата годишнина.
Ѝ ја влошил зависноста од алкохол и дрога на Деми Мур
Деми Мур откри и друг детаљ во мемоарите – проблемите со зависност и односот на Ештон додека минувала низ тежок период.
Имено, тој ѝ велел дека таа само си измислувала дека има проблеми со алкохолизам и не ѝ давал никаква поддршка.
Во периодот кога актерката повторно почнала да им се враќа на пороците, наместо да ѝ помогне, тој ја исмејувал.
„Најпрво, како да ме охрабруваше да се придвижам во таа лоша насока.
Кога претерував (со дрога или алкохол) ме фотографираше, а следниот ден ми ја покажуваше фотографијата и се смееше“.