Ни тие не се совршени: Лицата на познатите жени од лош агол, без Фотошоп (фото)
- Детали
- недела, 14 април 2024
И на скоро 60 години, Моника Белучи важи за една од најубавите жени во светот. И, навистина е прекрасна, но како секоја жена на таа возраст, и таа има брчки.
Веруваме дека досега си имате најдено поза во која ги истакнувате омилените карактеристики, а умешно ги прикривате оние што не ви се допаѓаат.
Ова го прават и познатите жени, не само ние „обичните“.
А, бидејќи голем дел од животот поминуваат пред камери, многу добро знаат како да ја истакнат нивната поубава страна.
Сепак, кога ќе ги фотографираат од лош агол, ни тие не изгледаат совршено како што сме навикнати да ги гледаме. Лицето не им е симетрично, имаат брчки, подочници, акни… Како и секоја друга жена.
И, покажуваат дека не треба да трагате по совршенство и дека можете да бидете убави со сите ваши „недостатоци“.