Бурниот живот на Лајза Минели: Сопругот ја изневерувал со мажи, 4 пати се разведувала
Има освоено по една од сите престижни награди
ЕГОТ е акроним за Еми, Греми, Оскар и Тони – четирите најважни награди во забавната индустрија.
И, Лајза Минели е една од ретките кои ги има освоено сите, односно ја носи титулата ЕГОТ.
Имаше проблеми со алкохолизмот
Кога ќе се земе предвид бурниот живот на Лајза, не е изненадувачки што имала проблеми со психичкото здравје.
Таа го допрела дното по четвртиот развод, но и претходно имала проблеми со алкохолизам и од 1992-ра, била на рехабилитација петпати.
Доживеала спонтан абортус
Лајза Минели нема деца, но откри дека еднаш забременила и го изгубила бебето.
Од ова ѝ се јавиле разни проблеми со здравјето.
Таа имала кила и поради ова избегнувала да јаде или пие што било пред настап.
Денес е во инвалидска количка
Во 2000 година, Лајза беше дијагностицирана со енцефалитис – воспаление на мозокот предизвикано од вирус.
Вирусот предизвикува симптоми како главоболки, треска, замор и губење свест.
Кратко по дијагнозата, Лајза изјави дека не можела ни да зборува ни да оди и иако сега е подобро, до денес користи инвалидска количка.
Ја изгуби мајка ѝ од предозирање
Лајза Минели имала само 23 години кога мајка ѝ Џуди се предозирала со дрога.
Џуди Гарланд имала проблеми со дрога речиси целиот живот, а Лајза има изјавено дека донекаде ја „наследила“ зависноста:
„Целиот мој живот, се соочувам со оваа катастрофа. Ја наследив и ужасно е, но секогаш барав помош“, има изјавено таа.
Лајза првпат се пријавила на клиника за рехабилитација во 1980-тите, по долг период користење дрога.
Повторно беше во клиника во 2015-та, а како што спомнавме претходно, има одено на рехабилитација и поради алкохолизам.
Спирова С. | Црнобело