Му ја спаси кариерата, заради неа се откажа од дрога: Љубовта на Роберт Дауни Џуниор и сопругата трае 18 години
- Детали
- петок, 15 март 2024
Оскаровецот Роберт Дауни Џуниор и сопругата Сузан се во брак 18 години, а актерот има изјавено дека разговорoт што го воделе на почетокот од врската го мотивирал да се откаже од пороците и да си ја подобри репутацијата во Холивуд.
Роберт Дауни Џуниор е актер со мошне проблематично минато – имал сериозни проблеми со зависност, а и двапати беше во затвор.
Но, успеа да се ослободи пороците, се истакна како актер, а неодамна го освои и својот прв Оскар за улогата во Oppenheimer.
А, во сите подеми и падови, покрај него е неговата сопруга Сузан со која е во брак веќе 18 години.
Неколку факти за хармоничниот брак на парот:
Се запознале во 2003-та
Актерот и сопругата се запознале во 2003 година, додека тој работел на филмот Gothika, заедно со Хали Бери и Пенелопе Круз.
Сузан била продуцент на филмот, а откри и како го запознала актерот, истакнувајќи дека на почетокoт ѝ бил по малку чуден.
„Бевме во Монтреал и се подготвувавме за филмот, имавме вечера со режисерот и Хали Бери.
Сите порачаа јапонска храна, но Роберт рече дека овесната каша била ’суперхрана‘. Па, си донесе негова овесна каша во ресторанот. И, носеше и кутија со разни зачини и што уште не.
Потоа почна да вежба и јога. Ми бешее интересен, но чуден“.
Се свршија истата година
Не е познато кога точно почнале да се гледаат, но до крајот на 2003-та, тие веќе беа свршени.
Првпат се појавија како пар на премиера во октомври 2003-та, а еден месец подоцна Роберт ја побарал нејзината рака.
„Ѝ беше роденден и сакав да ја ’фатам‘ пред да наполни 30.
Па, чекав до точно пред полноќ, ѝ купив неколку подароци, а имаше и прстен“, откри актерот во интервју со Опра.
Иако се вериле релативно брзо, според некои извори, Сузан сакала да почекаат за свадба.
Се венчаа во 2005-та
Околу две години по свршувачката, Сузан и Роберт се венчаа.
Направија релативно мала церемонија во Њујорк, на која присуствуваа ѕвезди како Стинг и Киану Ривс.